Макало од лук

0
93

Потребни состојки:

2-3 главици лук

1 полно лажиче сол

400-600 мл масло

½ лимон – сок

Подготовка:

Во една тегла се ставаат околу 2-3 главици лук кој претходно сте го исчистиле и исечкале, едно полно лажиче сол, па почнува да се мати со рачен блендер. Постепено се додава масло (400-600 мл), малку по малку, се додека не се згусни, а во меѓувреме се додава постепено и сок од половина лимон. Подготовката трае околу 45 минути.Испробано и ептен е добро, а нема мачнина во желудник.Се чува во фрижидер до една седмица.