CIVITAS
Видеа Магазин

ЛИЧИ НА САПУН, НО Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ТОА: ОВА Е МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА КОЈА МОЖЕТЕ ДА ЈА НИСИТЕ ВО ЏЕП!

Овој фантастичен уред може да го промени животот на сите современи домаќинки. Изгледа како сапун, но всушност е најмалата машина за перење на алишта во светот! ,,Dolfi” е совршен за патување и направи револуција во прањето на алишта.

dolfi

Го создала германската бизнисменка Лена Солис, идеата и дошла од многубројните фрустрации за време на патувањата и тешкотиите за перење алишта. ,,Dolfi” користи ултразвучна технологија, а најдобрата работа кај него е тоа што во однос на обичните машини за перење на алишта минимално ги оштетува алиштата. Исто така користи 80% помалку енергија од обичните машини за алишта.

dolfi1

Се прашувате како се користи? Едноставно, ставете ги алиштата во вода и додајте малку детергент. Ставете го уредот во водата и уклучете го. После пола час извадете ги алиштата, исплавете ги, исушете ги и тоа е тоа. Толку е лесно. Dolfi не прави бучава додека работи па така нема да му сметате на никој додека перете алишта.

Related posts

Изведба на ,,Hello” во живо на неверојатната Адел

ВИДЕО: Утрински активности за подобрување на Ментално здравје

Најголемата јахта во светот се вика „Трипл дус“