Ликер од грозје

Состојки
500гр грозје
околу 150гр шеќер
1 стапче цимет
по потреба кора од портокал
околу 500мл коњак, вињак или лозова ракија

Ликер од грозје Зрната грозје убаво измијте ги и оставете да се исцедат.
Во стерилизирани садови редете еден ред зрна од грозје, па едно лажиче шеќер. 
Меѓу, или странично ставете ја кората од портокал и стапчето цимет, 
па продолжете со редење, грозје па шеќер. Кога ќе го наполните
садот одозгора ставете две полни лажици шеќер и 
налејте со алкохолот по ваша желба. 
Затворете и оставете садот да стои на светло место најмалку 4 недели. 
Повремено протресувајте го садот за да може шеќерот да се растопи.

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B5%D1%80-%D0%BE%D0%B4-%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B7%D1%98%D0%B5