Лансиран сателит кој ќе го проучува Меркур

0
89

Сателитот БепиКоломбо, наменет за проучување на Меркур, успешно тргна на пат кон планетата после лансирањето од вселенската база Kourou.Сателитите ги очекува пат од девет милијарди километри до Меркур, каде потоа ќе изведат низа испитувања.Испитувањата на својствата на Меркур ќе им помогне на астрономите да дознаат повеќе за раното формирање на внатрешните планети, во кои спаѓаат Меркур, Венера, Земјата и Марс. Тоа пак, може да им помогне на астрономите да утврдат дали планетите како што е нашата се чести во вселената.Се очекува Бепи Коломбо до Меркур да стигне до 2025 година.