Почетна / Вести / Кочанци имаат голем култ кон Пресвета Богородица и празникот на Нејзиното Рождество

Кочанци имаат голем култ кон Пресвета Богородица и празникот на Нејзиното Рождество

Кочанци оддаваат голема почит на Пресвета Богородица и посебно на денешниот празник Нејзиното Рождество или Мала Богородица. Се собраа во голем број во кочанскиот храм палеа свеќи за здравје, упатуваа молитви кон Мајката Божја и делеа погачи за здравје. Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има Пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана.

-Овој празник е од големо значење бидејќи како што сведочи црковната историја самите родители на Пресветата Владичица кои што се викале Јоаким и Ана долго време немале пород. Според Еврејската традиција и размислување во тоа време сите оние брачни другари кои што немале деца биле сметани за грешни и недостојни и тоа претставувало голем срам. Но тоа не им пречело на светите Јоаким и Ана да останат тврди во верата и да се молат Бог да им дари дете. Бог знаејќи ги нивните срца ги удостоил со голема радост бидејќи од утробата на света Ана излегла најчистата жена Пресвета Богородица, истакна Димитар Арсовски, ѓакон.

Во кочанскиот храм по повод празникот беше отслужена Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваа свештеници од Кочанското Архиерејско намесништво. Пред Литургијата беше одржана Утрена Богослужба. Празникот Рождество на Пресвета Богородица е празник со кој според црковната традиција започнува новиот циклус на празнувања затоа што црковната нова година започнува од први септември денот кога се чествува празникот посветен на светиот Симеон Столпник.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …