Почетна / Вести / КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО

Сојузот на извидници на Македонија e национална чадор организација која повеќе од 60 години работи со младите во неформалното образование. Мисијата на Сојузот на извидници на Македонија е да придонесе во зајакнувањето на младите во здрави и конструктивни индивидуи кои играат активна улога во своите заедници. Во изминатите две години повеќе од 150 млади од 13 општини во Р. Македонија учествуваа во програмата за зголемување на младинското учество во општеството поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијта Отворено општество – Македонија. Рамката на програмата опфаќаше вмрежување на младите, обука, градење и имплементација на изворни младински иницијативи и водење дијалог со локалните власти. Преку иницијативите од страна на младите се подигна учеството и активизмот на младите во процесите на градење активно општество и се зголеми учеството во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Младите кои учествуваа во програмата сведочат за многу добри и лоши практики, се соочуваа со предизвици и наоѓаа начини да ги надминат истите. Искуствата на младинските иницијативи се уникатен ресурс на знаења врз кои сметаме дека треба да се надоградуваат и креиираат новите програми и политики кој треба да гарантираат простор за младински иницијативи и институции кои се отворени и работат заедно со младите.  Со цел да ги адресираме и актуелизираме овие сегменти организираме завршна конференција која ќе се одржи во Кино Фросина (Младински културен центар) на ден 07.05.2016 (сабота) со почеток од 12 часот.  Би ни било чест и особено задоволство доколку сте во можност да присуствувате на конференцијата и учествувате во дискусиите за „Како да придонесеме кон градење на општество кое гарантира и подржува младинско учество и активизам“.  За време на конференцијата ќе бидат претставени иницијативите и искуствата на младите, а дополнително ќе се одржи панел дискусија на која ќе се разменуваат искуствата и практиките на младите, како и на претставници на повеќе младински организации кои работат на полето на младински активизам и младинска вклученост.  Во текот на настанот ќе бидат и изложени и дел од фотографиите од фотоконкурсот кој е дел од иницијативата „Излези Надвор“, преку која се поттикнуваат младите кон активности во природа како здраво и инспирирачко место за нивен развој.  Изложбата ќе биде од хуманитарен карактер, односно сите фотографии ќе бидат дел од тивката аукција чија цел ќе биде собирање средства кои подоцна ќе бидат донирани за хуманитарна цел.

Пријава на следниот линк : http://goo.gl/forms/DB9R6DYGar

Во прилог Ви ја доставуваме и агендата од настанот:

12:00 – 12:30 Отварање на настанот
12:30 – 13:15 Презентација на иницијативите
13:15 – 14:00 Панел дискусија за младинската вклученост и активизам
14:00 – 15:30 Кафе пауза (неформална дискусија)
15:30 – 16:00 Изложба на фотографиите и тивка аукција

Се надеваме дека ќе одвоите дел од вашето драгоцено време.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …