Почетна / Вести / КИНО ПРОЕКЦИЈА ЗА ДЕЦА ПИМ И ПОМ ВО ШТИП

КИНО ПРОЕКЦИЈА ЗА ДЕЦА ПИМ И ПОМ ВО ШТИП

„Пим и Пом – Големата авантура“, синхронизиран на македонски, раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и Пом кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома. Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога нејзините внуки доаѓаат на посета сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза акција има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Филмот од 2014 година е во режија на Глорија Смит. Истиот трае 70 минути. Освен номинации на филмските фестивали холандскиот „Синекид“ и „Црни ноќи“ во Талин, ја доби и наградата на Детското жири на Чикаго интернационалниот детски филмски фестивал. Информации и резервации на билети на 078/745-774. Цена на еден билет 50 ден. Дојдете со вашите најмили и уживајте заедно со нас. Ве очекуваме во среда 15-ти јуни со почеток во 17:00 часот во Домот на културата Ацо Шопов во Штип.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …