CIVITAS
Живот Занимливости

Кафе Бар Легаси овој петок епицентар на најголемата музичка треска во градот!

Кафе Бар Легаси овој петок ја стартува летната сезона со еуфоричен настап преку музичкиот сет на DJ Kortexx . Станува збор за млад надежен диџеј и продуцент кој има неколку фестивалски настапи во Хрватска и Македонија, настапи на Legovec Land, а се најде и во улога на пред диџеј во изминатово лето на Ohrid Calling, фестивал на кој настапуваа реномираните Аfrojack и Hardwell.

За сите кои сакаат да го запознаат подобро, Kortexx како диџеј особено е познат и автентичен по неговиот музички жанр (Groove House).

Младиот Константин Марковски или познат како Kortexx е постојано активен и никогаш не изморен кога станува збор за продуцирање на нова музика, тој деновиве заедно со вокалистот и гитарист Симеон Коруноски пред македоснката јавнсот ја претставија својата најнова музичка композиција насловена „Don’t you know“, музичко творештво кое наиде на безброј позитивни реакции.

Кафе бар Легаси најавува интересен и примамлив сет на амбициозниот Kortexx, препознатлив по неговите енергични сетови кои гарантираат распеана и разиграна публика.

Гарантираме насмеани лица, исполнети со љубов и среќни моменти, присуството е задолжително!

Related posts

ТАНЧАРИ ШИРУМ СВЕТОТ ЌЕ ВЕ РАЗИГРААТ И ВАС!

Мудро изведен пенал, секоја чест за дечкото!

Admin

ДВЕ 5-ГОДИШНИ НЕОДОЛИВИ ГЕНИЈАЛЧИЊА СЕ СРЕЌАВААТ ЗАД СЦЕНАТА НА ЕЛЕН