Почетна / Живот / КАКО ПРАВИЛНО СЕ ЧИСТИ ЛИЦЕТО?

КАКО ПРАВИЛНО СЕ ЧИСТИ ЛИЦЕТО?

Миењето на лицето е сосема нормална и секојдневна активност, мислиме дека ја правиме на најдобриот начин, а всушност не сме свесни за некои грешки кои ги правиме.

Одберете го соодветниот чистач за лице во зависност од типот на вашата кожа.На пазарот има многу призводи, најважно е добро да ја запознаете вашата кожа, а потоа да го одберете најдобриот производ. Најважно е да го избегнувате сапунот кој премногу ја суши кожата.

Чисти раце! Овој чекор често го прескокнуваме, но милион бактерии има на нашите раце. Затоа прво треба да ги измиеме рацете, а потоа лицето.

Чистете го сунѓерот! Ако употребувате четка или сунѓер за чистење на лицето, исчистете ги убаво или на 1-2 дена менувајте ги. Сепак, најдобро е да ги употребите вашите раце.

Средна топлина на водата. Ни жешка, ни ладна – дерматолозите препорачуваат вода со средна температура.

Не претерувајте со пилингот! Иако пилингот е неизбежен за убаво лице, заради тоа што ги отстранува мртвите клетки и помага кожата да се обнови, треба да се внимава. Не употребувајте груби пилинзи и избегнувајте грубо и подолготрајно триење на лицето. Брзо и нежно, во зависност од гранулите на пилингот.

Убаво измијте! Внимавајте да не има остатоци од козметиката или од средствата за чистење, било какви остатоци може да предизвикаат сувост и црвенила.

Мијте го лицето два пати на ден, без исклучоци! Дерматолозите сметаат дека луѓето не го мијат доволно своето лице. Потребно е еднаш наутро, кога ќе се разбудите, за да бидете свежи и да се исчистат нечистотиите и бактериите кои се собрале за време на спиењето, а потоа и навечер, за да ги исчистиме нечистотиите кои се собрале во текот на денот.

За Дијана Јованова - Штип

Можеби ќе ве интересира

За 7 дена изгубете 3 килограми без напор и вежбање

Ако се држите до овие правила за кратко време и без многу напор ќе постигнете …