Почетна / Вести / Казни за работодавачите кои нема да исплатат К – 15 навреме

Казни за работодавачите кои нема да исплатат К – 15 навреме

К – 15 од 40 % , од висината на платата, ќе добие секој вработен. Според последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидено е регрес за годишен одмор со висина од најмалку 40% од основицата.

Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ, од износот утвреден со овој колективен договор.

Износот на регресот се утврдува според основицата на платата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Услов кој треба да се исполни за регрес за годишен однор е работникот да работел најмалку 6

месеци во календарската година кај ист работодавач.

Регресот за годишен одмор се иплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни.

Покрај правото на работникот од заработувачката – плата, има право на надоместок и на трошоци поврзани со работата.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …