Почетна / Вести / Канал Плус Вести / „И паркингот е животен стандард“ денес промовиран од ФРЛЗ Штип

„И паркингот е животен стандард“ денес промовиран од ФРЛЗ Штип

Фондацијата за развој на локална заедница Штип денес го промовираше проектот „И паркингот е животен стандард“, кој е финансиран од Европската Унија. На настанот беа презентирани активностите на проектот.

Засега петициите за укинување на наплатата на паркинг можат да се потпишуваат електронски, но од наредната недела ќе бидат поставени и мобилни пунктови низ градот.

Целта на проектот е зголемено вклучување на граѓаните во креирањето на локалните политики преку мобилизирање на јавноста во решавањето на приоритетите и потранспарентно управување со јавните средства од Локалната самоуправа.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Со висококвалитетно земјоделство до пласман на Европските пазари

Стопанската коморa на Македонија денес потпиша меморандум со Општина Карбинци се со цел подобрување и …