CIVITAS
Вести Македонија

Искршената реалност во очите на моето дете

Професорката доц. д-р Ана Чучкова  која е професорка на факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет  започна мини проект, еве за што се работи.

 

Денес заедно со Вардан почнуваме еден наш проект. Велам “наш” затоа што тој денес ми ја “плесна” вистината во лице.
Излеговме да се повозиме со велосипедите, требаше да биде кратка дестинација, околу стотина метри до кејот на Вардар. Додека возиме тој вообичаено си мрмори нешто а јас нешто слушам, нешто не. Но, следново ми ги пробуши ушите: – “Види мамо како возам, ниедна дупка не погодив!”
Навистина си помислив, станал вешт, се прилагодил на сите неправилности. Ги прифатил, ги сместил во неговото главче, како нормално и воопшто не му пречат. Напротив, си направил игра од нив. Е, пријатели мои, точно од тоа ми стана мака. Ненормалното, искршеното, недовршеното, ѓубрето, станаа нешто нормално за новите генерации.
И не сакам да се помирам со тоа! Сметам дека ќе направам кривично дело и како мајка и како психолог и како професор ако продолжам да затворам очи пред нередот кој што ни станува нормален.
Така се роди идејата да направиме мал проект со фотографии за да ви пренесеме како изгледа светот во едни детски очи.
Еден месец ќе објавувам фотографии од местата каде што секојдневно циркулира моето семејство. Се надевам дека ќе допрат до повеќе граѓани. Ако ништо друго, барем малку да ви предочам дека тоа што веќе не го перципираме, не ни пречи или едноставно не му обрнуваме внимание, сепак не е нормално и не мора да биде така.
Еве ги и првите фотографии. Направени се само во стотина метри. За жал не се само овие, но сметам дека се доволни за сега.
Тоа што ми остава впечаток во нив, е тоа што ова се оставени нешта од недовршени работи. Мајсторите што поправале нешто околу, растуриле се друго. Почнато и недовршено. Скршено, недоработено или “нашминкано”. (Мамо, нели мајсторите поправаат работи, а не кршат? – но, очигледно не и кај нас, синко) 
И за крај, не го прилепувајте ова со нешто или некој од политиката. Ова кај нас станува традиција, без разлика кој е на власт.
Доколку ви се допаѓа идејата, ве молам споделувајте ја за да стигне до повеќе луѓе.

 

Related posts

Паметен и модерен куфер,3 USB порти,GPS,Аларм….

СЛУШНЕТЕ ЈА ЕВРОВИЗИСКАТА ДОНА ОД КАЛИОПИ

Штип со унифицирани киосци – ќе се наддава за 18 локации