Почетна / Интервју / ИНТЕРВЈУ СО ТАМАРА ДОНЕВСКА КАРАТИСТ ВО КК-ПАРТИЗАН ШТИП

ИНТЕРВЈУ СО ТАМАРА ДОНЕВСКА КАРАТИСТ ВО КК-ПАРТИЗАН ШТИП

КК-Партизан е карате клуб во Штип со постоење од цели 50 години, каде во почетокот на 2017-та година го прославува својот јубилеј од 50 години постоење како карате клуб во Штип и Македонија. Сегашен претседател и тренер е Миланчо Черкезов од Штип. КК-Партизан е лоциран во ООУ-Ванчо Прќе каде што тренингот се одвива во спортската сала од понеделник до петок со почеток од 19:00 и 20:00 часот. До денес во него членуваат над 50 членови од сите генерации,  кои имаат постигнато врвни спортски резултати лично за нив и за афирмација на спортот во нашиот град. Подолу ќе прочитате повеќе за каратето од нашата млада и надлежна каратиска Тамара Доневска која е член на КК-Партизан во Штип.

  1. Која е Тамара Доневска – младиот каратист во КК-Партизан?

Тамара: Јас сум Тамара Доневска родена во градот на спортот Штип. Завршив основно училиште во ООУ-Ванчо Прќе во мојот роден град, потоа се запишав во СОУ-Наум Наумовски Борче во Пробиштип каде завршив Спортска гимназија, а денес моето високо образование го продолжив на Универзитетот Гоце Делчев на Факултетот за Археологија. Чест ми е што сум еден од членовите на КК-Партизан а задоволство ми е што сум дел од семејството на порталот на Цивитас.

2. Од каде желбата и мотивот да се биде спортист по карате цели 17 години?

Тамара: Желбата е голема и наследена од моите родители кои се занимавале во спорт бидејќи изразнав во спортска фамилија, а како најзаслужен е мојот покоен дедо Гроздан кој што со својата љубов кон каратето ја пренесувал од колено на колено, па така јас одлучив да бидам денешен каратист во градот на спортот и на најголемиот клуб Партизан. Подршка од мојата фамилија – моите родители Лазо и Виолета  е огромна  кои до ден денес се едни од моите најголеми спонзори за и околу каратето.

3. Колку години си член на КК-Партизан?

Тамара: Многу 🙂 Се запишав во далечната 2001 година кога имав наполнето пет години. До ден денес членувам непреќинато цели 17 години, каде што преку секојдневниот тренинг низ текот на годините јас научив многу за каратето, за неговите вештини и се стекнав со техничко-тактичките знаења. Првите години за мене беа тешки и напорни, но со голема љубов кон каратето и упорност тешкотиите исчезнаа. Започнав со бел појас, потоа полагав за следниве појаси: жолт, црвен, зелен, плав, кафеав и денес тренирам со црниот појас 1дан, каде се стекнав со огромно знаење и сертификат за тренер по карате.

4. Како е да се биде млад спортист на годината на град Штип?

Тамара: Чувството пред се е возбудливо. Не можам да ви го опишам. Со голем труд, мотивација, љубов и упорен тренинг кон каратето во 2013 година јас бев прогласена за спортист на годината т.е. на град Штип. Доделувањето на дипломата беше во ресторанот Ваго во нашиот град во прекрасна атмосфера и премногу насмеани и наградени  спортисти и мои колеги. Тој ден за мене беше прекрасен.

5. Како ти поминува еден тренинг и каква е комуникацијата со останатите членови на КК-Партизан?

Тамара: Тренингот пред се е напорен исполнет со техничка-тактичка реализација. Пред се самиот тренинг бара посветеност со физичка активност и психичка концентрација. Тренингот се одвива во салата на ООУ-Ванчо Прќе од понеделник до петок, каде комуникацијата со останатите членови е на највисоко ниво за време на тренингот. Моето дружење со сите членови продолжува и надвор од просторијата за време на еден тренинг.

6. Што за тебе претставува зборот карате?

Тамара: Карате е спорт или вештина на задавање, блокирање и избегнување на ударци изведени со гола рака и нога. Зборот карате е составен од зборовите: кара-празна и те-рака. За мене каратето е боречка вештина за самоодбрана, смиреност каде бара поголема посветеност за време на тренингот. Каратето за мене е еден од најубавиот спорт во Македонија и пошироко.

7. Кој се твоите постигнати резултати на ниво во Македонија и надвор од неа?

  • Државно првенство 2016 – трето место
  • Маваши Скопје 2008 – прво место
  • Нике Скопје – 2011 – прво место
  • Државно првенство Скопје 2015 – прво место
  • Прилеп Баше 2012 – прво место
  • Романија 2015 – второ место
  • Бугарија 2014 – второ место
  • Црна Гора 2011 – прво и трето место
  • Балканско првенство во Софија 2013 – прво место
  • Европско првенство во Софија 2017 година – четврто место
  • Србија-Белград 2015 – прво и второ место

Тамара: Моето домашно катче насловено како (карате) е збогатено со следниве награди: медали (златен, сребрен и бронзен), дипломи, пехари, благодарници, пофалници и сертификати.

8. Како млад спортист на КК-Партизан во Штип кој е твојот совет за иднините млади спортисти?

Тамара: Советот од мене до младите па и возрасните е да се спортува секојдневно т.е. да се има физичка активност, што значи со редовни тренинзи и љубов кон наменетиот спорт се постигнува голем резултат. И од мене до сите идни па и сегашни спортисти им ја оставам за аманет пословицата: Во здраво тело – здрав дух. Им порачувам на сите млади генерации да ги остават на страна лошите пороци за нивното здравје, каде секојдневно нека се дружат со некој од многуте спортови во нашиот град за подобро здравје, тело и самодоверба.

9. Како Тамара Доневска се гледа  во иднина преку каратето?

Тамара: Во иднина и до сега се гледам како успешна каратиска, пред се да направам нов транспорт во друга држава  т.е. каде учествувам за Романската репрезентација до ден денес сум задоволна од нив и сум била горда што сум направила голем резултат и успех За мене ова претставува голема гордост на мојата фамилија и на сите познаници. Во Македонија во иднина се гледам како добар тренер, натпреварувач и карате-судија.

10. Што вели Тамара Доневска за Цивитас?

Тамара: Многу сум горда и задоволна од страна на сите членови во најголемото здружени во нашиот град – Цивитас. Браво за сите вас. Ве следам редовно на вашите фб-страни заедно со вашите големи и успешни и постигнати хуманитарни акции, настани и вашите големи концерти каде сум била и присутна. За Цивитас се слуша само  добар глас во Штип и Македонија . Мило ми е што моето име се читало и ќе се чита на вашиот успешен портал. Ви благодарам од срце и продолжете по патот наречен – хуманост. Мојата соработка со вас ќе продолжи и во иднина – изјави Тамара Доневска за Цивитас.

 

 

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

ВО ФРАНЦИЈА МАКЕДОНИЈА ЗАВРШИ НА 15 МЕСТО ВО РАКОМЕТ

Нашата земја – Македонија го освои 15-тото место на СП во ракомет за мажи во …