Интервју со „Само Тони“ од бендот „Само Тони и Две Жени“ за хуманоста преку музиката…

0
1534

„Само Тони и Две Жени“ е бенд кој постои неколку години и несомнено чекори кон патот на успехoт на  македонската музичка сцена. И покрај нивната  презафатеност со настапи на најразлични забави, концерти и сл. тие се и големи хуманисти и се почесто  може да се забелeжат на настани од хуманитарен карактер. За тоа од кога постојат, кои се нивните планови во следната година, колку за нив  е важна  хуманоста  и каде се настапуваат може да прочитате подолу во краткиот разговор со Само Тони од беднот „ Само Тони И Две Жени“ 

  1. Од кога е формиран бендот и зошто „Само Тони и Две Жени“?
    – Пред се, целиот проект започна како „Само Тони“ – еден човек, цел бенд. Тоа е можност да се свират повеќе инструменти во исто време. Но целосниот продукт се добива со надополнување од „Две Жени“  . Како „Само Тони и Две Жени“ стартувавме на 28 Септември, 2013 година и секоја година си го празнуваме како бендски роденден. Самото име на бендот всушност е и појаснување насоставот.  составот.               10362863_598915510220780_4864839210182952464_n
  2. Каде се настапувате и имате настапувано?
    – Премногу места за да ги набројуваме, но едноставно кажано, луѓето кои што сакаат да не слушнат можат да не начекаат низ скоро сите градови низ Македонија. Сме имале и неколку настапи на фестивали надвор од Македонија каде се имаме претставено со македонска музика која е позитивно прифатена и таму.
  3. Дали покрај јавни настапи низ Македонија, настапувате и на приватни забави и како можат читателите на Civitas.mk  да ве исконтактираат?
    – Да, сме настапувале и настапуваме на приватни забави, но сепак во рамките на онаа македонска поп музика која и ја нудиме. Секој кој сака да проследи  нешто повеќе од нас, може слободно да не побара на нашата фан група на Фејсбук, „Само Тони И Две Жени“
  4. Бидејќи Цивитас“ е хуманитарна организација па да ве прашаме дали и каде имате настапувано на настани од хуманитарен карактер?
    – Сме биле дел од повеќе хуманитарни концерти на кои крајната цел им била да се помогне на некој кој му е потребно. Последниот таков настан на кој настапивме беше организиран од страна на Цивитас со кој се помогна на   дечињата од Дневниот Центар за деца со посебни потреби во Штип. Беше навистина голем зафат да се организира таков настан па секоја чест на Цивитас кои организираат такви настани во текот на целата година. Би го издвоиле и хуманитарниот концерт кој го организиравме сами со цел да помогнеме на луѓето оштетени од поплавите во Србија.
    Но често наидуваме и на „хуманитарни понуди“ за приватни џебови. Жално што постојат и луѓе кои го користат овој начин за придобивка од вакви настани.                                             16309_573333416112323_7505307915912317624_n
  5. Почеток на новата година. Па кои се Вашите планови за 2016та ?
    – Слични како оние кои ги имавме во 2015та година. Имаме недовршен албум кој би сакале да го објавиме во текот на 2016 година. И оваа година се надеваме на уште многу заеднички хуманитарни проекти заедно со Цивитас.
  6. И за крај, што според Вас е хуманост и што би им препорачале на читателите на Цивитас, но и на сите граѓани на Македонија?
    – Хумноста е големината на човекот. Колку тој знае да сака, колку знае да даде без да чека за возврат и колку знае да прости.
    Не треба да измислиме топла вода. Едноставно треба да ги следиме стапките на некои предходни хумани луѓе и светот ќе стане едно многу подобро место за живеење.