Интервју со Ивана Николиќ претседател на студентскиот сојуз при МСУ Г.Р. Державин

При Меѓународниот Славјански Универзитет ,, Гаврило Романович Державин “ има многу странски студенти меѓу кои е и претседателот на Студентскиот сојуз Ивана Николиќ , 19 години од Србија која студира во прва година на Факултетот за психологија во Битола. Токму поради тоа одлучивме да поразговараме накратко со неа околу нејзините предизвици и плановите на Студентскиот сојуз.

1. За почеток дали може да откриете нешто за себе?

Имам 19 години и сум студент во прва година на Факултетот за психологија на Меѓународниот Славјански Универзитет . Доаѓам од Србија каде активно се бавев со глума скоро 6 години и сум една од најнаградуваните глумици. Завршив ,,Новинарска школа” во Белград и бев волонтер во многу владини и невладини организации. Во тој период завршив средно гимназија и од морето на универзитети го избрав токму МСУ ,, Гаврило Романович Державин”.

2. Зошто токму МСУ Г.Р.Державин Факултет за психологија?

Една од причините поради која го одбрав овој универзитет се достапните цени, потоа извондредниот кадар и префектната деканка проф. Д-р Диана Белевска, која за оние кои што не се запознати, еден од најдобрите доктори на науки за психологија во државата. Пред се, на овој универзитет студентите не се само број во индексот туку луѓе, колеги, пријатели. Психологијата ја одбрав поради специфичноста на предметот кој таа го изучува – човекот и неговата комплексност, когнитивните и перцептивните процеси. Спознавајќи се себеси, ги спознаваш и другите. Тука практично со менторите и колегите го усовршуваме нашето знаење.
Кои беа вашите стравови околу доаѓањето на студии во Македонија

Пред да дојдам во Македонија имав многу недоумици, се плашев дали ќе се вклопам, како ќе бидам прифатена од другите студенти, дали ќе го научам јазикот и сега кога ќе се сетам на тоа се смејам на самата себе. Луѓето во Република Македонија се прекрасни, полни со разбирање, прави асови кога е во прашање забава. Секогаш се спремни зa акција, полни се со идеи само им е потребна мала мотивација. Овде се чувствувам како дома иако мојот дом ми недостасува. Колегите се  голема подршка кога станува збор за јазикот.

11131917_803416033083714_868570959_n
3. Која е вашата улога во Студентскиот сојуз на Меѓународниот Славјански Универзитет?

Најпрвин сакам да се заблагодарам на сите студенти од Меѓународниот Славјански универзитет што ми ја укажаа честа да бидам претседател на Сојузот на студенти при овој универзитет. Овде студентите имаат можност да го прошират своето знаење од стручните области преку низа семинари, работилници и конференции кои се испланирани за оваа година и за наредната. Истотака ја добиваме можноста преку организирање на хуманитарни акции да им помогнеме на тие на кои што им е потребно.

4. Кои се плановите на Сојузот на студенти?

Студентскиот сојуз ќе работи на хуманитарни акции што е можно повеќе бидејќи хуманоста е една од најубавите особини на еден млад човек. Имаме испланирано многу активности но би ги одвоила оние кои ќе ги реализираме во скоро време. Дел од нив се работилницата на тема ,,Техники во психотерапија за откривање и утврдување на сопствените позитивни оценки” во водство на проф. Ана Чучкова, симулација на судење со студентите од правниот, економскиот и и Факултетот за психологија во соработка со професорите и менторите.
Истотака морам да ја напоменам и хуманитарната акција ,, За нашите идни генерации” која започна со реализација во месец Февруари при која студентите собираа средства преку продажба на карти за хуманитарна забава и истите   ќе се искористат за најпотребните работи во Домот за доенчиња во Битола. Покрај овие активности и проекти ќе се остварат и соработки на Сојузот на студенти при МСУ ќе склучи соработка со многу  други студетски сојузи, студентски парламенти, младински организации, здруженија на граѓани како на национално така и на меѓународно ниво.

5. Кој е вашиот најголем предизвик за тековната година?

Мој омилен проект и најголем предизвик за мене и за другите студенти е отворањето на ординација за психотерапија, психоанализата која ќе биде достапна за студентите за практична настава а воедно ќе биде достапна и за граѓаните на Република Македонија. На овој проект сеуште се работи и официјално не е донесена одлука за одобрување на овој проект па токму затоа ми претставува најголем предизвик за оваа година.

6. Што би додале за крај?

Би сакала да додадам дека сум воодушевена од професионалноста и посветеноста на моите колеги кои за кратко време ми станаа верни пријатели како и од подршката која ми ја дава административниот кадар и раководниот тим кој не мотивира.

11118338_803415966417054_475868748_n