CIVITAS
Интервју

Интервју со Ивана Георгиева која се занимава со мошне редок занает во Македонија

Ивана Георгиева, Штипјанката која има само 21 година и се занимава со еден  од најкреативните занаети филигранството.  Па одлучивме да поразговаравме со Ивана околу тоа како дошла до идеја да се занимава со оваа мошне ретка професија, како се изработува еден накит  или како трае целиот процес додека се дојде до финалниот производ и како таа гледа во иднина на филигранството.

1.Од каде идејата да се занимаваш со филигранство, И како го изучи овој занает?

Уште од најрана возраст почнав да ги забележувам  деталите,  формите и  изработката на најразлични предмети. Во потрага по идеализам и перфекција завршив архитектура и дизајн, почнав да сликам и да изработувам модни додатоци. Почуствував потреба мојата креативност да ја искажам по професионално а филигранот беше можност да се надградам на повисоко ниво. Моето искуство го стекнав во работилницата на мојот ментор, мајстор Аднан Рамадани којшто ме запозна со овој прекрасен занает и така започна мојата приказна со филигранот.

10410112_913416998680331_1196885215644601259_n11050146_913416455347052_304859393916605523_n

3.Кои материјали и алати ги користиш најчесто за изработка на твоите производи?

Работам исклучиво со чисто сребро, во кое што може да се вградат полудраги камења. Најосновните алатки кои ми се потребни се пинцети и клешти со кое се обликува среброто и му се дава посакуваната форма.

3.Колку време ти е потребно да изработиш одреден производ ?

За да се изработи одреден производ секогаш ми одзема различен временски период. Се звиси од специфичноста на производот, големината, формата и деталите на моделот. Некогаш се потребни само неколку часови, а за некои производи дури и неколку дена. На пример најтежок производ што го имам изработено е традиционалната македонска нараквица – фишеклија, за која што ми беше потребно една недела за да се добие крајниот резултат.

11140036_913416275347070_1019352078015595981_n

4.Од што најмногу црпиш инспирација ?

Инспирацијата најмногу ја добивам од богатата македонска филигранска традиција во која ги внесувам современите модни трендови.

5.Кои се чекорите од самиот почеток па до финалниот производ?

Се започнува со идеата за производот. Најпрво изработувам скица, основа на нацртаната скица, потоа основата се полни и се лепи, кога сето тоа е готово се става во киселина и на крајот производот се става во посебна машина за чистење каде што добива посебен сјај.

11041724_913416412013723_3644355012008762653_n

6.Каде се гледаш себеси за 10 години?

Се надевам дека после 10 години веќе ке бидам призната и препознаена како добар мајстор во филигранството, моите производи ке бидат препознатливи, дека ке имаат мој специфичен белег. Би сакала да направам самостојна изложба на мои изработени предмети на коишто луѓето ке се восхитуваат .

7Порака за читателите на ЦИВИТАС?

 Да ги следат своите соништа, никогаш да не се одкажуваат од нив и секако да читаат civitas.mk

 10410934_913416362013728_8935360925504223623_n

11149574_913424148679616_3828998655110321592_n

Related posts

Интервју со Асс.М-р.Ерика Пешкоска ЗА или ПРОТИВ ЕУТАНАЗИЈА во МАКЕДОНСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО

Интервју со Асс. м-р Ерика Пешкоска за слободата и правата на човекот низ правната призма

Интерјву со м-р Мартин Ѓорѓиев, вложувај во себе и радувај се на туѓата среќа

1 comment

Zorica Karoska 21/04/2015 at 09:50

Bravo za mlada , talentovana i hrabra Ivana, i posakuvam naskoro dobra izlozba i golem uspeh vo rabotata!!!

Reply

Leave a Comment