Почетна / Избор на уредникот / Горан Ангелов: Модата поминува, стилот е вечен

Горан Ангелов: Модата поминува, стилот е вечен

Модниот стил иако не е пресуден фактор во животот, сепак емитува сигнали на околината за тоа кои сме, што сакаме, кои се нашите желби и очекувања. Првобитниот впечаток кој за многумина е важен, се формира благодарение на индивидуалниот моден вкус. Позитивната порака се испраќа секогаш кога знаеме добро да ги склопиме парчињата, знаеме да ги понесеме и најважно – се чувствуваме комотно или исполнето во нив. Следењето на модниот тренд секогаш оди во пакет со добро средената фризура и шминка.

Денес во модерниот современ свет, како жените, така и мажите се грижат во негување и одржување на својата убавина. Затоа, секој од нас има свое катче, фризерско студио во состав на персонал и професионалци на кои им го доверува својот изглед.

Во светот на модата постојат добри, лоши и најдобри стилисти, луѓе кои се на врвот и препознатливи од бројната клиентела и такви кои лутаат наоколу во обид да се пронајдат самите себе. Кога би се согласиле дека најдобрите се ретки би се задржале кај нив, затоа што го заслужуваат вниманието и почитта.

Визијата, ентузијамот, креативноста и пред се квалитетот, претставуваат синоним за штипјанецот Горан Ангелов, младо момче кое преку својот професинализам ги прави секојдневните клиенти задоволни и уникатни, безгрижни и уште по-самоуверени.

Почнувајќи како млад надежен фризер, а докажувајќи се како врвен и безпрекорен мајстор во својот занает, по шест години искуство, преку отворање на свое фризерско студио го претвори својот сон во јаве. Сторија која овозможува поттик и мотивација за сите млади кои мечтаат за остварување на својот сон. Приказната наречена “Diamond” – студио, по седум месеци оствари бројни соработки со високо квалификуфвани и атрактивни манифестации, меѓу кои се издвојуваат фестивалот на забавни мелодии Макфест, “Fashion Week” есен – зима 2019-та и уште бројни ангажмани кои бараат модерни – шик фризури за потребите на познати модни креатори од нашата земја.

Горан Ангелов апелира, грижата за убавината треба да почнува од вашето срце и душа, во спротивно никаква шминка нема да ви биде од корист.

Ние пак ве советуваме, бидете уникатни, светските трендови на фризури веќе се реалност, благодарение на вештите раце на уметниците од Diamond, локација – Сутјеска 140-а, Штип.

Запомнете!
Модата поминува, стилот е вечен.

За Виктор Вукановски

Можеби ќе ве интересира

Khloe Kardashian’s Amazon Baby Registry Is Surprisingly Practical

Far far away, behind the word mountains, far from the countries Vokalia and Consonantia, there …