Интервју со Асс. М-р Сандра Хаџи Еленова за дискриминацијата и остварувањето на права од областа на социјаланата заштита

0
2603

Покрај тоа што постои сеопфатна законодавна рамка на анти-дискриминаторски прописи кои ја забрануваат дискриминацијата во одредени области на животот и истите обезбедуваат ефективна имплементација, сепак сознанијата укажуваат дека појавите на дискриминаторско однесување постојат и се најраширени во областите од општествениот живот кои се посебно значајни и чувствителни за остварувањето на правата на граѓаните. Току затоа поразговаравме со  Асс. М-р. Сандра Хаџи Еленова при “МСУ Гаврило  Романович Державин” Св Николе – Битола на Факултетоот за правни науки.

1. Што представува дискриминацијата?

Дискриминацијата постои во сите сфери на општествениот живот. Свесно или несвесно, намерно или не, се прават определени не правилни ограничувања, понижувања и слично со кои што граѓаните неможат да си обезбедат свои одредени права кои би требало да ги имаат. Од искуството и од секојдневните примери очигледно дека најчесто се прави класна, етничка, религиска, дискриминација на лица со хендикеп и слично. Исто така, би напоменала дека ова е тема која ја обработуваме и со студентите на Правниот факултет при МСУ, по предметот Трудово право. Таа претставува секое неоправдано правно или фактичко, директно или индиректно правење на разлика, или нееднакво постапување (исклучување, ограничување или давање приоритет) во однос на лица или групи  која се заснова на пол, раса, имотен статус, ментална или физичка попреченост или било која друга основа.

11084386_10204198810595879_1319365004_n

 2. Кои се најпогодени категории кога станува збор за дискриминацијата ?

-Најзагрозените категорија од дискриминаторство однесувањето се лица од пониските социјални слоеви кои покрај незавидниот материјален статус, најлесто се и со пониско образовно ниво, Исто така, посебно загрижува тоа што жени, стари лица, лица со инвалидитет. Има укажувања и за дискриминација врз основа на етичките или верска припадност и политичка определба.

 3. Што опфаќа нашето позитивно законодавство, конкретно пто пропишува законот за работни односи?

– Во законот за с.з е пропишано дека се забранува директна или индиректна дискриминација врз основа на пол, раса, боја на кожата националноста, етничката, социјална, политичка, верска културна, јазична инотна и општествена припадност, онеспособенот и потекло во остварувањето на правата од социјалната заштита утврдени со законот за социјална заштита.

 4. Што всушност се подразбира под директна и индиректна дискриминација?

 -Директна дискриминација е секое неповолно постапување, разликување, исклучување или ограничување кое како последица има или би можело да има одземање, нарушување или ограничување на еднаквото признавање или уживање на човековите права и основни слободи, споредено со третманот кој го има или би можело да го има друго лице во исти или слични услови.  Индиректна дискриминација е секое ставање на некое лице или група во неповолна положба во споредба со други лица, со донесување на очигледно неутрални одредби, критериуми или со преземање на определени практики, освен кога таквите одредби, критериуми или практики, произлегуваат од оправдана цел, а средствата за постигнување на таа цел се соодветни и неопходни.

 5. Во делот за заштита од дискриминација, што се можат да направат барателите или корисниците на социјална заштита?

-Во случаи на дискриминација, утврдени во Законот за социјална заштита, барателот или корисникот на с.з. има право да бара заштита од надлежен орган. Согласно Законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените, иницијатива за заштита од дискриминација по основ на пол се доставува до Министерството за труд и социјална политика до застапникот за еднакви можности  на жени и мажи. Комисијата дава мислење за наводната дискриминација во определен рок и затоа го известува поднесувачот и лицето против кое е поднесена претставката. Со писменото мислење, а по утврдената дискриминација, Комисијата препорачува начин на отстранување на повредите од правото. Лицето на кое е упатена препораката е должно да ја отстрани повредата на правото во даден рок, а за тоа и да ја извести Комисијата.

11079742_10204198810715882_407287187_n

 6. Кој добива заштита според европското право за недискриминација?

-Најпрво, треба да истакнеме дека ЕКЧП гарантира заштита за сите оние кои спашаат под јурисдикцијата на една држава-членка, без оглед дали се државјани на таа земја или не и гарантира заштита вон територијата на државата во оние области коишто се под ефективна контрола на државата. За разлика од тоа, заштитата што ја гарантира правото на ЕУ е поограничена во опсег. Судската пракса на ЕСЧП покажува дека иако една држава може да смета дека лицата кои се државјани и они кои не се државјанине се во споредлива ситуација, начелно сите права пропишани со ЕКЧП, мора еднакво да се гарантираат за сите лица кои спаѓаат под нејзина јурисдикција . Во таа насока, ЕКЧП наметнува обврски за државите-членки во врска со државите-членки во врска со државјаните на трети земји, кои во некои области се пошироки од барањата пропишани со правото на ЕУ.

7. Дали лицето кое смета дека му е повредено некое право поради дискриминација, може да поднесе тужба пред наделжните органи?

-Во постапката пред надлежните судови, соодветно се применуваат одредбите од Законот за парична постапка. Во тужбата може да се побара дека тужениот го повредил правото на тужителот со нееднаков третман, да се забрани преземање дејствија со кои се крши или може да се прекрши правото на тужителот на еднакво постапување, односно да се извршат дејствија со кои се отстранува дискриминацијата или нејзините последици, да се надомести материјалната и нематеријалната штета причинета со повреда на правата и да се објави пресудата во медиумите на трошок на тужениот.

8. За крај, што ќе истакнете за заштита на правата на граѓаните, конкретно за заштитата од дискриминација?

 -Непосредната заштита на правата на граѓаните, вклучувајќи ја и заштитата од дискриминацијата, неминовно бара доследно остварување на уставната определба дека судовите во Република Македонија одлучуваат за заштитата на индивидуалците правна и слободи на граѓаните. За таа цел нушно е пред се, комплетирање и зајакнување на легислативата како фундамент за ефикасно практично дејствување но и истовремено зајакнување на капацитетите на професионалците кои работаат во институциите на државно и централно ниво. И, она што е најнужно, сите ние, треба да почнеме од нас, да допринесуваме секојдневно за намалување на дицкриминацијата во сите свери од општественото живеење.