Почетна / Интервју / Интервју со асс. м-р Мартин Савевски околу штетното влијание на радиоактивното зрачење и нуклеарниот отпад врз човекот и животната средина

Интервју со асс. м-р Мартин Савевски околу штетното влијание на радиоактивното зрачење и нуклеарниот отпад врз човекот и животната средина

По повод 30 годишнината од несреќата во Чернобил околу нуклеарните централи и штетното дејство на радиоактивното зрачење и нуклеарниот отпад врз човекот и животната средина поразговаравме со м-р Мартин Савевски, асистент на МСУ Г. Р. Державин Св. Николе- Битола.

1. Што е радиоактивно зрачење ( радијација)?

Одредени атоми се радиоактивни, што значи дека тие емитуваат радиоактивност во текот на спонтаната трансформација од нестабилен изотоп во друг постабилен. Радиоактивното загадување резултира од контаминацијата на животната средина со вакви супстанци, кои можат да претставуваат значителен ризик по здравјето на луѓето и другите организми. Радиоактивното загадувањето се разликува од конвенционалното загадувањето по тоа што не може да се детоксифицира. Наместо тоа, радиоактивните материи мора да се изолираат од околината, се додека нивното ниво на радијација не се намали на безбедно ниво, процес кој бара илјадници години за некои материјали. Радијацијата се класифицира како јонизирачка или нејонизирачка. Двата типа може да бидат штетни за луѓето и другите организми.

2. Како радиоактивноста делува на околината?

Промената на температурата не влијае на радиоактивноста, тоа е прва индикација дека феноменот на радиоактивноста е од субатомски карактер, односно не е врзан за атомот како целина.  На природата на радиоактивноста не влијае ниту хемискиот облик во кој радиоелементот е врзан, освен на интензитетот, кој зависи од концентрацијата на она што е активно. (постојат исклучоци кај т.н. зафат на електронот).          Зрачењето делува така што: го јонизира воздухот (се препознава по мирисот), го обојува стаклото (ако се држи во чаша таа ќе потемни), ја загрева околината, предизвикува зацрнување на фотографската плоча (така е и откриена и радиоактивноста). Природната радиоактивност во природата се наоѓа кај голем број активни изотопи, почнувајќи од налесните па до најтешките, меѓутоа тој број е многу помал од бројот на вештачките радионуклиди.

3. Кои се изворите на радиоактивност?

Изворите  на радиоактивност се: антрополошки (поради човечки активности) и зрачење од природни извори. Во антрополошките  спаѓаат:  циклус на користење на нуклеарно гориво, рудна експлоатација ,  медицински и лабораториски апарати, тестирање и користење на нуклеарно оружје.  Поголемиот  дел од радиоактивноста на подземните води и подземните слоеви се последица на зрачење од природните слоеви на ураниумот и ториумот. Тука е влијанието и на радонот кој се создава од продолженото распаѓање на уранимот, ториумот или радиумот.

4. Колкаво е радиоактивното загадување  од несреќите во нуклеарните централи ?

Многу  екологисти се критични во врска со нуклеарната енергија. Тие тврдат дека е неприфатлив ризикот од катастрофални несреќи и дека нуклеарните централи генерираат големи количини на нуклеарен отпад со кој неможе да се справиме. Иако една нуклеарна централа не може да експлодира како атомска бомба, несреќите може да резултираат со сериозно радиоактивно загадување.

13115684_10205854257907269_1068236240_n

5. Која е најголемата несреќа во нуклеарна централа досега? 

До сега, најлошата несреќа на нуклеарен реактор се случила во 1986 година во Чернобил, Украина. Во катастрофата загинале 31 работник, а резултирала со хоспитализација на повеќе од 500 други луѓе од радијациона болест.

Според украинските власти, во текот на една деценија по катастрофата во Чернобил, околу 10.000 луѓе во Белорусија, Русија и Украина умреле од рак и други болести поврзани со радијацијата предизвикани од незгодата. Во прилог на овие, релативно локални ефекти, атмосферата го транспортирала зрачењето од Чернобил во Европа и низ Северната Хемисфера. Повеќе од 500.000 луѓе во близина на Чернобил биле изложени на опасно високи дози на зрачење, а повеќе од 300.000 луѓе биле евакуирани трајно од околината.

;ernobil

6. Дали има последици од несреќата во Чернобил?

Со оглед на тоа дека здравствените проблеми поврзани со зрачењето може да се појават децении по експозицијата, научниците очекуваат дека многу илјадници дополнителни луѓе ќе страдаат од повисоки стапки на рак на тироидната жлезда, рак на коските, леукемија и други болести поврзани со радијација.
За жал, прикривањето на експлозијата од страна на одговорните органи, вклучувајќи ги и оние во власта, ставило во опасност дури и повеќе луѓе. Голем број локални жители не знаеле дека треба да ја напуштат областа што е можно побрзо или не им била укажана потребната медицинска помош. Голема количина на радиоактивен отпад од нуклеарните централи е уште еден важен проблем. Овој отпад ќе остане радиоактивен за многу илјадници години, според тоа технолозите мора да дизајнираат системи за екстремно долгорочно чување.

7. Кои се биолошките ефекти на радиоактивното зрачење?

Зрачењето може да го оштети секое ткиво во телото. Специфичните ефекти на радијацијата на живите суштества зависат од видот на зрачењето, дозата, должината на експозицијата и типот на ткивото изложено на радијација. Оштетувањето од изложувањето на високи нивоа на радијација е поделено во две категории: соматско и генетско. Соматското, се однесува на ефектите врз физиолошкото функционирање на телото; генетското, се однесува на штетата предизвикана врз репродуктивните клетки, вклучувајќи ги и наследните ефекти кои можат да влијаат врз потомството. Генетските оштетувања може да вклучуваат мутации или скршени хромозоми, структури во клеточното јадро кои ја содржат ДНК и сите генетски информации на организмот. Соматско оштетување од високите дози на јонизирачко зрачење се манифестира со изгореници и зрачна болест, со симптоми на гадење, повраќање и дијареа. Долгорочните ефекти може да вклучуваат и рак, како што е леукемијата.

13101013_10205854257867268_350530354_n

8. Како треба да се справиме со радиоактивниот отпад?

Условите за складирање и справувањето со отпадот се одредени како со времето на полураспаѓањето, така и со вредноста на активностите.

Треба да се разликува складирањето на отпадот од целосното справување со него, складирањето подразбира привремена постапка и се однесува на краткотрајниот отпад, а справувањето е трајно решение на проблемот и се однесува на долготрајниот отпад.

Општо правило е отпадот да се складира за најмалку десет периоди на полураспаѓањето, кога активноста ќе му спадне на 1/1000 од почетната активност. Без оглед на видот и потеклото на отпадот, истиот треба да с етретира или да се изолира на начин да не биде опасен по околината, посебно да не дојде до контакт со биосферата. По истекот на овој период складирањето на отпадот се смета за трајно решение, односно истото да оневозможи продирање на радиоактивноста во биосферата во наредните 1000 до 1000000 години.

13082116_10205854258147275_2086356250_n

 

9. Што мислите за исфрлањето на отпадот во вселената?

Исфрлувањето на радиоактивниот отпад во вселената е привлечно решение, бидејќи отпадот во целост се отстранува од нашата планета. Во таа смисла разгледувани се различни концепти, вклучувајќи користење на технолошки превоз со Space Shuttle со што отпадотби се кренал прво во орбитата околу земјата, а потоа би се сместил во постојана орбита помеѓу Земјата и Венера. Разгледувана е можноста за користење и на ракети носачи со кои отпадот би се подигнал над гравитационото влијание на земјата и би се насочил право кон сонцето.

Главен проблем се големите трошоци, но и големата веројатност за неуспех при лансирањето со ризик за потенцијална радиолошка катастрофа. Радиолошкиот ризик на исфрлање на радиоактивниот отпад во вселената е сеуште многу поголем од оној со геолошкото справување со отпадот.

11. Дали во нуклеарните  централи  во Република Македонија се произведува електрична енергија ?

Република Македонија како послабо развиена земја сеуште нема програма за прозиводство на електрична енергија со помош на нуклеарни централи и нуклеарно гориво. Во нашата земја главен извор на електрична енергија се фосилните горива, а се прават напори што повеќе да се користи силата на водата (хидроцентралите), сонцето и ветерот, но можеби во иднина и ние ќе имаме нуклеарни централи па не е лошо да се знаат и добрите и лошите страни на овој метод за производство на енергија.

 

 

 

 

 

 

 

 

За Маријана Коцева - Штип

Можеби ќе ве интересира

Амбициозниот DJ BAZZ од Штип потпиша соработка со позната романска продукциска куќа

Млад, талентиран, амбициозен DJ BAZZ потпишува соработка со продукциска куќа од Романија . Убаво е …