Почетна / Интервју / Интервју со Асс. М-р Елена Златева за институтот предбрачен договор

Интервју со Асс. М-р Елена Златева за институтот предбрачен договор

Бракот не е само романтична врска, во ова модерно време е и еден вид деловен однос. Оваа двојна природа и цел на бракот доведе до зголемување на признавањето дека предбрачниот договор може да биде корисен за заштита на финансиските интереси на секој сопружник. Токму за тоа поразговаравме со Асс. М-р. Елена Златева при “МСУ Гаврило Романович Державин”Свети Николе-Битола на Факултетот за правни науки.

1.Што преставува предбрачниот договор ?

– Предбрачниот договор (prenuptial agreement или скратено prenup) е договор склучен пред брак, од страна на луѓе кои имаат намера да стапат во брак .Помеѓу идните брачни другари во договорот се дефинираат нивните права и обврски и нивните одговорности кои ќе произлезат од тој брак и тоа во случај на поништување, развод на бракот или смрт на едниот брачен другар.Содржината на овие договори може да варира во голема мера, но најчесто вклучува одредби за поделба на имотот и брачната издршка во случај на развод или распаѓањето на бракот. Тие, исто така може да вклучуваат и условите за одземање на средства како резултат на развод врз основа на прељуба; дополнителни услови за старателство може да бидат вклучени, и слично.Ова е дел од проблематиката што ја разработуваме по предметот семејно право во делот за услови за склучување на брак,па на барање на студентите му посветивме посебно внимание на овој договор, на кој начин е регулиран во Република Македонија.

11100322_10204235578075043_1309773084_n

 2.Кои елементи треба да ги содржи овој договор?

-Според позитивното право во Соединетите Американски Држави каде во сите педесет држави е регулирано на ист начин , пет елементи се потребни за валидност на овој договор:

1.Договорот мора да биде во писмена форма (усни предбрачни договори обично се неприменливи);

2.мора да се изврши доброволно;

3.целосно и / или фер обелоденување  во времето на извршување;

4.договорот не може да биде недозволив;

5.тој мора да биде извршен од двете страни (не нивните адвокати) “на начинот потребен за актот да биде снимен”, познат како признание, пред нотар.

3.Во кои  држави се применува овој договор?

-Да, се применува  на исти начин како и во САД  и во следните држави :Германија, Австрија, Франција, Швајцарија, Шведска, Русија, Унгарија, Данска, Финска, а во поново време овој договор законски го имаат регулирано и Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Република Србија и други.

4.Дали знаете за некои интересни предбрачни договори на познати лица?

Познати ми се такви случаи.Постојат многу интересни да речам ,предбрачни договори помеѓу славните двојки во Холивуд , но еве јас ќе издвојам неколку.

– Клои и Ламар Одом

Предбрачниот договор и дава на Клои право на $ 500.000 за секоја година додека парот е во брак, нивната куќа, сосема нов автомобил на крајот на бракот, 6000 $  месечно за шопинг и убавина  и 25.000 долари месечно за издршка.

– Бијонсе и Џеј Зи

Бијонсе ќе добие по $ 5 милиони за секое дете што ќе го роди таа, исто така, ќе добие 1 милион долари за секоја година што двојката била во брак ако тие се разведат.

– Кит Урбан и Никол Кидман

Кит ќе добие по  640.000 $ за секоја година парот бил во брак  но само ако тој не  користи дрога.

-Џесика Бил и Џастин Тимберлејк

Џесика била свесна за угледот на  Џастин пред да се венчат, па таа, наводно, побарала да и плати 500.000 долари отштета во случај тој ако ја изневери неа.

 – Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас

Разликата во годините на неверојатни 25 години не претставува проблем за оваа двојка, но неверството не. Кетрин побара, ако двојката  се раздели, таа ќе ја добие 2.800.000 $ за секоја година од бракот ,но исто така Кетрин добива и 5 милиони долари како бонус ако  тој ја изневери.

11127899_10204235582315149_943586968_n

5.Дали овој договор е регулиран во Република Македонија?

-Не ,во Република Македонија не е регулиран предбрачниот договор и тој како таков не може да произведува правно дејство. Но, и во случај да биде склучен таков договор и истиот тој биде заверен кај нотар во случај на развод на бракот ,тој не би предизвикал никакви правни последици затоа што судот нема да го признае бидејќи е спротивен на одредбите на Законот за семејство.

6.Како ќе ги искоментирате добрите и лошите страни на предбрачниот договор?

Како и во секој договор постојат добри и лоши страни,еве ќе наведам некои од добрите и лошите страни на овој договор.

Добра страна на предбрачните договори

-Предбрачниот договор може да ги заштити правата на наследство на деца и внуци од претходниот брак.

  –  Ако имате свој бизнис или професионалната пракса, предбрачниот договор може да го заштити тој интерес, така што бизнисот или практика не се дели и не е  предмет на  контрола или вклучување на вашиот поранешен брачен другар по разводот.

 –   Ако еден брачен другар има значително повеќе долгови отколку другиот, а предбрачниот договор може да го заштити  сопругот кој нема долгови од тоа да ги преземе обврските на другиот.

–    Ако планират да се откажат од една профитабилна кариера по бракот,  предбрачниот договор може да им обезбеди дека ќе се компензира за тоа жртвување  ако бракот не трае.

  – Предбрачниот договор може да се однесува на повеќе   финансиските аспекти на бракот, и може да ги покрие сите детали на процесот на донесување одлуки и споделување на одговорноста за кои страните не се договориле однапред.

 –  Предбрачниот договор може да го ограничи износот на брачната издршка што едниот брачен другар ќе мора да  ја плаќа на  другиот по разводот.

 – Предбрачниот договор може да ги заштити финансиските интереси на постарите лица, лицата кои влегуваат во втори или последователни бракови, како и лицата со значително богатство.

Лошите страни на предбрачниот договор

– Договорот може да бара од вас да се откажете од своето право да  наследите од имотот на вашиот брачен другар  кога тој или таа умира. Според законот, ќе имате право на дел од имотот, дури и ако вашиот брачен другар не содржи таква одредба во неговата или нејзината волја.

 -Ако придонесете за континуиран успех и раст на бизнисот на вашиот сопружник или професионалната пракса со забавни клиенти или се грижите за вашиот дом, вие  можеби нема  да имате право на дел  да учествувате со зголемување на вредноста, ако не се договорат поинаку во предбрачниот договор. Според законите на многу држави, ова зголемување на вредноста ќе се смета делив брачен имот.

 -Почнување на  однос со договор кој ги  утврдува деталите на она што ќе се случи по смртта или развод може да го поттикне чувството на недостаток на доверба.

 -Тоа може да биде тешко да се проектира во иднината за тоа како со потенцијални проблеми треба да се справат, и она што може да изгледа како беззначаен  компромис во романтичиот предбрачниот период може да изгледа повеќе монументалнен и мачен подоцна.

   -Брачниот другар со ниска заработувачка може да не биде во можност да се одржи на начинот на живот на кој тој или таа се навикнал во текот на бракот, ако договорот значително го ограничува износот на брачната издршка на кој  брачниот другар има право.

  – Во “меден месец” фаза на врската, едниот брачен другар може да се согласи со условите кои не се во неговите или нејзините најдобри интереси, бидејќи тој или таа е “премногу во љубов”  за да бидат загрижени за финансиските аспекти и не може да замисли дека  бракот доаѓа на непосакуваниот крај.

 10325575_1114840311876013_7886130599803129572_n

7.Како вие гледате на предбрачниот договор?

Предбрачниот договор го сваќам како некоја гаранција за остварување на одредени права наведени во договорот ,на еден од брачните другари.Таквата обврска на некој начин преставува и гаранција за одржување на брачната заедница.

8.За крај, што ќе истакнете за предбрачниот договор и  негова имплементација во нашиот Закон за семејство?

-Македонија е далеку од Холивуд ,но сепак треба да постои можност за потпишување на предбрачен договор.Сметам дека овој договор може да биде регулиран во нашето законодавство слично како што е регулирано и во државите каде што го применуваат овој договор за што треба да следи измена на нашиот Закон за семејство на начин што предбрачните договори ќе се заверуваат кај нотар во вид на нотарски акт.Се надевам дека предбрачниот договор ќе биде дел од нашето право и ќе им овозможи на брачните и вонбрачните партнери по своја волја да ги уредуваат имотните односи додека трае нивната заедица како и правните последици поврзани со престанокот на истата, што во Република Македонија е постојана тема на дискусии и пројавува голем интерес и кај студентите со кои ние секојдневно дебатираме и разработуваме различни интересни теми од областа на правото.

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Интервју со Асс. м-р Ерика Пешкоска за слободата и правата на човекот низ правната призма

За тоа колку воопшто човекот  ја познава слободата како лично и суштествено право, што означува …