Интервју со Асс. Ерика Пешкоска за присутноста на бесплатната правна помош во секојдневната практика

0
1551

Колку поимот на бесплатната правна помош е присутен во нашата практика и законодавство, колку истиот е искористен од страна на граѓаните, и за тоа колку се искористениа истата, колку и на други неодговорени парашања ќе добиеме одговор од Асс. Ерика Пешкоска- При МСУ,,Гаврило Романович-Державин,,-Св.Николе-Битола, Правен Факултет- Одделение-Битола

1.Што претставува бесплатната правна помош ?

-Со бесплатната правна помошна му се обезбедува еднаков пристап на  граѓаните и другите лица до институциите на системот, за запознавање, остварување и за овозможување на ефективна правна помош, согласно со начелото за еднаков пристап до правдата.

– Постапката за бесплатна правна помош е итна постапка. Во овој случај би сакала да напоменам дека информациите за бесплатната правна помош не е на високо ниво, особено од незадоволството на граѓани кои како корисници на социјална помош, не се информирани до оној степен, дека секој еден прилив на лични средства ( зборувам за средства испратени од странство, средства добиени на подарок и слично ), истите треба да бидат пријавени, се со цел да не се изгуби примањето/користењето на социјалната помош.

2.Кој може да биде корисник на бесплатна правна помош?

-Корисници на бесплатна правна помош се физичките лица, односно право на бесплатна правна помош имаат лицата, кои со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство.

 -Право на бесплатна правна помош, согласно со овој закон, имаат државјаните на Република Македонија со постојано живеалиште во Република Македонија, и тоа:

  •  лица корисници на социјална помош,
  •  корисници на правото на инвалидски додаток, кои не остваруваат други приходи по основ на заработувачка или приходи од недвижности,
  •  корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од него и
  •  семејства или самохран родител со едно или повеќемалолетни деца кои остваруваат право на детски додаток.

-Право на бесплатна правна помош, имаат и:

  •   баратели на правото на азил, лице на кое му е признаено правото на азил, внатрешно раселено лице, како и раселено или прогонето лице кое на територијата на Република Македонија има престојувалиште,
  •  странски државјанин, кој во согласност со меѓународните договори, без оглед дали на територијата на Република Македонија има престојувалиште или живеалиште, остварува негово право за кое е надлежен државен орган на Република Македонија,
  •  лице без државјанство, кое законски престојува во Република Македонија и
  •  државјанин на земја членка на Европската унија под услови и на начин утврден со Законот за бесплатна правна помош.

11072565_1827236040835710_1761448375_n

3.Преку кого се реализира бесплатна правна помош?

Бесплатната правна помош се реализира од Министерството за правда, адвокати и од овластени здруженија на граѓани. Тука би сакала да нагласам, дека покрај овие институции, каде во нашата земја реализирањето на бесплатната правна помош најчесто е реализирана низ призмата на невладиниот сектор, истата би можела да биде реализирана низ здруженија Пр. на млади невработени правници, групирани во одреден број можеме да кажеме 3-5 лица, каде техничките услови ( обезбедување на соодветна просторија за работа, надоместок/награда за извршената работа, материјали за работа…) би биле доделени од самата држава, каде за неврабоетните правници, би претставувало мотив за работа, отскочна даска за понатамошно вработување, а и во секој случај хуманоста, би била на повисоко ниво со оглед на тоа дека некому се помага онаму каде е најпотребно.

4.Како се остварува бесплатната правна помош во Република Македонија?

-Бесплатната правна помош се остварува како претходна правна помош и правна помош во сите судски и управни постапки.

-Претходната правна помош се дава од овластено службено лице во подрачните одделенија на Министерството и од овластени здруженија на граѓани.

-Правна помош во постапка пред надлежен орган и организација опфаќа: застапување во сите степени во судски и управни постапки и составување на писмена во судски и управни постапки. 

5.Зошто е потребна бесплатната правна помош во Република Македонија?

-Бесплатната правна помош е потребна на оние корисници на истата, кои  неможат да обезбедат еднаков пристап до институциите на системот, за запознавање, остварување и за овозможување на ефективна правна помош, согласно со начелото за еднаков пристап до правдата, односно заради остварување на своите права пред институциите, кои неможат да ги оставрат по друг пат, поради присутноста на факторот на социјален ризик, на кои се изложени односно кои со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство.

6.За кои правни прашања се одобрува бесплатана правна помош?

-Бесплатна правна помош се одобрува во :

 *сите судски и управни постапки, доколку се решава за прашање од интерес за барателот на правната помош,

*за права од областа на социјалното, здравственото, пензиското или инвалидското осигурување,

*работните односи,

*заштитата на деца,

*жртвите на семејното насилство,

*заштитата на жртвите од казниви дела,

*заштитата на жртвите од трговија со луѓе, признавање на правото на азил и *имотно/правните прашања.

11073486_1827235367502444_426596784_n

  7.Колку изнесува бројот на поднесени барања за бесплатна права помош?

 -До подрачните одделенија на Министерството за правда поднесени се вкупно 270 барања за остварување на правото на бесплатна правна помош (за период 01.01.2014 – 31.12.2014 година). Оваа статистика ни дава еден податок дека лицата ( независно дали станува збор за загрозени лица, лица со ниско ниво на социјализација, или необразовани лица ), едноставно пристапот до информацијата за постоење и користење на бесплатната правна помош е невидлива, т.е. заинтересираноста е минимална. Како мерки кои би се превзеле да барањето за бесплатната правна помош биде се повеќе искористена од страна на лицата на кои им е потребна, е потребно што поголема информираност за истата, приближување на лицата во делот на средби на граѓани на локално ниво, за што поголема информираност, а аналогно на тоа би било и поголем број на поднесени барања за користење на бесплатната правна помош.

8.Колку е застапена бесплатна правна помош во Република Македонија?

-ЗБПП(Закон за бесплатна правна помош) во членот 2 предвидува еднаков пристап до правдата за сите лица кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија. Но со понатамошните одредби законодавецот во целост го стеснил опсегот на овој закон само на определени правни области, а не како што претходно навел дека истиот има за цел да обезбеди непречен пристап до правдата за сите. Оваа контрадикторност на законскиот текст доведува до правна несигурност, како кај потенцијалните корисници, така и кај дел од применувачите на ЗБПП, што укажува дека бесплатната правна помош е застапена во Република Македонија но не подеднкаво за сите.

9.Кои препораки би ги предложиле за подобрување во бесплатната правна помош?

-Да се спроведе истражување за правните потреби на граѓаните, кое ќе обезбеди материјал за детална анализа на видовите правни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, нивното значење за нивната издршка, начините на кои ги решаваат и причините поради кои не ги решаваат проблемите.

 -Бесплатната правна помош треба да биде инструмент за остварување на еднаков пристап до правдата за сите лица кои живеат на територијата на Република Македонија.

-Потребно е да се обезбеди правна помош и во случаите кога лицата бараат заштита пред Уставниот и пред Врховниот суд на Република Македонија, па дури и пред меѓународните трибунали и судови во кои Република Македонија се јавува како држава-страна, во согласност со потпишаниот и ратификуван меѓународен договор.

-Поедноставување на постапката за обезбедување претходна правна помош, како и вклучување на составувањето поднесоци во управната постапка и давање правни совети во претходната правна помош.