Почетна / Интервју / Интервју со Антонио Пејоски момчето кое несомнето чекори кон голема кариера

Интервју со Антонио Пејоски момчето кое несомнето чекори кон голема кариера

Ова симпатично младо момче е од Струга, еден од најубавите градови во нашата земја, град кој што важи за “расадник” на голем број таленти од сите области. Антонио на македонската музичка сцена се појави пред повеќе од една година и со својот прекрасен глас преку првата авторска песна “Најмила”, ги освои симпатиите ширум нашата земја. Од тогаш веќе има и две други свои песни “Нека гори” и “Вечно осамен” со која што песна го освои второто место од стручното жири на меѓународниот фестивал на забавни мелодии Еврофест 2014 – Скопје, а исто така има и одличен кавер на песната “Nunca te olvidare-Enrique Iglesias”.

Во продолжение следува кратко интервју со кое ќе ве запознаеме одблиску со Антонио.

  1. Како релативно нов на македонската музичка сцена се претстави во одлично светло, кој стои зад сето тоа, односно со кого соработуваш?

– Пред се ви благодарам за убавите зборови и вашата поддршка. Инаку уште од самиот почеток на мојата кариера соработувам со К-Тим продукција од Скопје, со која што ги сработивме сите мои досегашни проекти и од кои сум премногу задоволен бидејќи секој по себе си донесе голем успех, и секако во иднина на обострано задоволство таа соработка ќе продолжи.

11096548_1070838889600043_102459625587111604_n

  1. Со оглед на тоа што сам ги пишуваш текстовите во песните, дали постои некој на кого ги посветуваш, дали постои таа “Најмила”…?

– Бидејќи како што споменавте текстовите се мое дело, а во истите преовладуваат емоциите често пати се среќавам со истото прашање…Но одговорот е не, не постои конкретна личност на која сум ја посветил таа песна, како и останатите. Едноставно низ акордите на гитарата моментот ме води и стиховите сами си доаѓаат.

  1. Надвор од музиката…кој е Антонио, што правиш во слободно време и како се забавуваш кога имаш простор помеѓу твоите ангажмани?

– Студент сум на ФТУ – Охрид, на отсекот Царина и шпедиција и сум на крај на студиите. Кога имам слободно време во голема доза гледам да го искористам со моите најблиски, мојата фамилија и друштвото. Исто така сакам да спортувам, фудбал, баскет, џогинг, теретана, а како и кај сите млади желбата за забава е секогаш присутна. Но сепак тоа слободно време е сведено на минимум со оглед на ангажманите и обврските со мојот бенд.

  1. Твоите обожавателки и фанови веќе дознаа дека не си посветил песна некому, што значи дека Антонио во моментов е слободен. Па….каква би била девојката на која би “паднал” Антонио, и би сакал да поминеш дел од својот живот?

 – Хехе…Искрено не знам какви девојки повеќе ме привлекуваат, дали се блондинки, бринети или каква била друга девојка,но сепак за прв впечаток пресудна секогаш е надворешната убавина, но таа привлечност и убавина би останале во сенка доколку не се придружени од добар карактер. За една девојка да биде комплетна потребно е повеќе од убавина.

  1. Каде се настапуваш? Каков репертоар исполнуваш на твоите настапи? Дали има некој други фестивали покрај Еврофест 2014?

 – Заедно со мојот бенд настапуваме во многу градови ширум нашата земја,а нашиот репертоар е разновиден и можат да се најдат песни од сите жанрови, но балканското си е во нас па така преовладуваат оние балкански хитови, екс ју, македонски евергрини, и по нешто народно. Освен мојот настап на Еврофест 2014 исто така со мојот бенд настапивме на фестивалот “Eм умеам, Ем можам” пред City Mall во Скопје, настапив и на хуманитарниот концер во Штип за децата со посебни потреби кој беше организиран од Civitas,а изминатото лето настапив и на Бах Шоу во Струга.

11096690_1070839139600018_3384815895559106719_n

  1. Кои се твоите идни планови?

 – Не можам конкретно да откријам што се планира за во иднина, само можам да кажам дека се работи на еден поголем проект па кога ќе биде реализиран поголем дел ќе отркиеме и малку повеќе, но сепак за тоа е сеуште рано. Она што следува во скоро време е настап на меѓународниот фестивал Discovery во Варна, Р.Бугарија некаде во средината на месец мај.

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Амбициозниот DJ BAZZ од Штип потпиша соработка со позната романска продукциска куќа

Млад, талентиран, амбициозен DJ BAZZ потпишува соработка со продукциска куќа од Романија . Убаво е …