Почетна / Вести / ЗОШТО 8-МИ МАРТ СЕ СЛАВИ КАКО ПРАЗНИК НА ЖЕНИТЕ

ЗОШТО 8-МИ МАРТ СЕ СЛАВИ КАКО ПРАЗНИК НА ЖЕНИТЕ

На 8-ми март во далечната  1857 година во Њујорк започнал штрајкот на работниците во фабриките за текстил, бидејќи барале  подобри услови за работа за жените. Но, на истиот ден, на истото место,  по цели 51 година жените повторно побарале права. Во штрајкот од 1908 година работниците биле затворени во фабрика, од која не можеле да излезат. Па така во еден момент  избил пожар во кој настрадале вкупно 129 жени. Во знак на сеќавање на овој настан една година подоцна за прв пат е одбележан 8-ми март. Во 1910 година во Копенхаген на втората интернационална конференција на жените, договорено е еден ден во март да се прогласи за меѓународен ден на жените. Прво, тоа бил 19-ти март, бидејќи жените во Германија, Данска, Австрија, Швајцарија и Америка побарале право на глас на тој датум.
Но, на втората меѓународна конференција во Москва која била одржана во  1921 година, одлучено е датумот да се помести токму на  8-ми март. На овој начин  целиот свет се потсетува на долгогодишната женска борба. Бројката 8  симболично ја означува борбата за воведување осумчасовно работно време на жената. Среќен празник дами!

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …