Знаци кои укажуваат на проблеми со срцето

0
63

Срцевите заболувања се многу чести, ги погодуваат и мажите и жените на различна возраст. Затоа е многу важно на време да ги препознаете знаците кои укажуваат на проблеми со срцето.

Болка која се шири кон раката

Многу мажи чувствуваат болка во левата рака, додека пак кај жените истата болка се јавува во двете раце. Некои жени исто така велат дека почуствувале бол во лактот пред да доживеат инфаркт.

Кашлица

Кашлицата може да се јави поради различни проблеми, а може да биде знак на кардиоваскуларни болести.Упорната кашлица пропратена со светло розев секрет кој содржи крв е многу чест симптом на откажување на срцето. Доколку кашлицата се јавува заедно со губење на воздух и отежнато дишење, работата е сериозна и треба веднаш да посетите доктор.

Отечени нозе, зглобови и стапала

Кога срцето не пумпа доволно крв, течноста од крвните садови се собира во нозете и стапалата, поради гравитацијата. Тоа се нарекува периферален едем и многу луѓе кои го имаат не страдаат од срцеви болести. Сепак, ова е многу чест симптом на срцеви заболувања па треба да обрнете внимание.

Намален апетит и мачнина

Многумина кои страдаат од срцеви болести се соочуваат со намален апетит и мачнина и покрај тоа што конзумирале само неколку залчиња.

Екстремна и невообичаена анксиозност

Неколку студии покажуваат дека луѓето кои страдаат од екстремна анксиозност имаат поголем ризик од проблеми со срцето уште на рана возраст.

Вртоглавица

Кога срцето не пумпа доволно крв, се јавуваат симптоми како отежнато дишење и вртоглавица. Во некои случаи доаѓа и до несвестица.