Почетна / Донации / ЗДРУЖЕНИЕТО ЦИВИТАС СО ЉУБОВ ЗА СИМОНА ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

ЗДРУЖЕНИЕТО ЦИВИТАС СО ЉУБОВ ЗА СИМОНА ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

Здружението Цивитас се вклучува во големата хуманитарна акција за нашата согрѓанка – малата Симона Хаџи Тошев, која има само четири години . На оваа мала душа, невино чисто детско срце и  е потребна и нашата помош, како и секоја друга. На Симона и е дијагностицирано Акутна нелимфобластна леукемија. Затоа, се потребни средства за лекување во странство. Средствата т.е. вашите финансии  можете да ги уплатете на ж-ска за донации : 270-7000448932.95 во Халкбанк АД-Скопје. Секоја помош е добредојдена. Штипјани ги потресе оваа вест, па голем број на граѓани, здуженија, пејачи, фирми… се вклучуваат во големата хуманитарна акција. И во сите Пакет Маркети во Штип на самата каса се поставени кутии за донации, каде што секој кој ќе ги посети маркетите ќе може да донира финансиски средтсва. Веќе утре, акредитираните членови на Здружението Цивитас се вклучуваат во големата хуманитарна акција, со цел да се посетат сите локали во нашиот град, кафичи каде заедно со младата популација уште еднаш ќе докажеме дека штипјани се хумани луѓе. Волонтерите ќе бидат акредитирани и облечени во бели мајци со натпис Цивитас од срце за Симона, и ќе бидат во централното градско подрачје. Секој граѓанин што ќе ги забележи може слободно да им пријде и да донира во специјалната кутија. Сите собрани парични средтсва ќе бидат уплатени на сметката на Симона и јавно објавени на нашата фб страна civitas.mk како и на нашиот портал. За Симона се најавени и други голем број на хуманитарни акции , концерти, мотособири и слично. Им благодариме од срце на сите оние кои што ќе бидат дел од оваа голема хуманитарна акција. За Симона од срце – Цивитас! Се  молиме за Симона!

 

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Отворен е повикот за Ораторски денови на Славјански Универзитет

Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола …