CIVITAS
Вести Канал Плус Вести Македонија

Здравствен дом Штип денес организираше бесплатни прегледи на пензионери

Редовните здравствени прегледи особено кај повозрасните граѓани се од големо значење за најмалување на бројот на кардиоваскуларните заболување и дијабетисот. Покрај прегледите исто така за зачуваување на здравјето, клучна улога има и начинот на исхранта. Проверка на крвта и крвниот притисок како и совети за исхраната денес Здравствениот дом од Штип, во соработка со Општина Штип и Здружението Цивитас организираат за штипските пензионери.

Пензионерите се задоволни што можат да направат контрола, без да закажуваат за преглед.

Здружението „Цивитас“ во текот на годината организира најразлични активности за лицата од трета доба, со цел пензионерите да имаат активно стареење.

Општина Штип покрај активностите што ги спроведува по повод „Неделата за грижа на стари и изнемоштени лица“, веќе четврта година по ред го спроведува проектот Општинско корисна работа.

„Важни сте за нас“ е мотото под кое годинава се одбележува „Неделата на грижа за стари лица“.Покрај акции за проверка на крвниот притисок и шеќерот во крвта општинската организација на Црвен крст Штип ќе организира посета на дваестина стари лица на кој ќе им подели пакети со храна и хигиенски средства.

Related posts

Викенд населбата Суви Лаки ќе добие авантуристички парк

УТРЕ Е КУРБАН БАЈРАМ – НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА МУСЛИМАНИТЕ

Одбојкарките на УГД учествуваат на меѓународен турнир во одбојка

Leave a Comment