Почетна / Вести / За само една недела потрошени скоро сите вакцини против сезонски грип во Кочани и соседните општини

За само една недела потрошени скоро сите вакцини против сезонски грип во Кочани и соседните општини

Голем интерес покажаа граѓаните на Кочани и општините што ги покрива кочанскиот центар за јавно здравје за вакцините против сезонски грип. За само една недела откако се пристигнати и достапни за граѓаните, во Кочани од 800 потрошени се 660 вакцини. Во Виница се потрошени сите набавени 400 вакцини. Слична е состојбата и со другите градови. Во Делчево од 550 потрошени се 525, во Пехчево од 200 набавени потрошени се 120, а најмала заинтересираност покажале граѓаните во Берово каде што од 350 набавени се потрошиле само 135.

Димитар Димитров, директор на Центарот за јавно здравје Кочани истакна дека тие вакцини кои што не се потрошени ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба како на пример Виница, а на прашањето дали ќе се набавуваат нови вакцини, Димитров рече дека ќе треба време да се види колкава е заинтересираноста на луѓето па според тоа ќе се врши набавка на нови.

Инаку, д-р Натка Каранфилова, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кочани истакна дека вакцините се доста квалитетни и дека се препорачливи за сите граѓани кои спаѓаат во ризичната група односно хронично болни, лица со кардиоваскуларни болести и сите оние кои што во текот на денот остваруваат контакти со голем број луѓе. Цената на вакцината и годинава остана иста 400 денари и не беше потребно претходно запишување или пријавување во центарот.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Отворен е повикот за Ораторски денови на Славјански Универзитет

Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола …