Почетна / Вести / ЗАЕДНИЦАТА НА ХРВАТИ ОД ШТИП СО ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЛИБЕРТАС И МОНОДРАМА

ЗАЕДНИЦАТА НА ХРВАТИ ОД ШТИП СО ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЛИБЕРТАС И МОНОДРАМА

Заедницата на хрвати во Штип одбележувајќи го денот на мајката беа примени во канцелараијата на градоначалникот Илчо Захариев. Централниот настан е денес со промоција на монодрамата „Комушање мозга“ од Стојан Матавуљ – хрватски режисер.  Претставата ќе биде одиграна денес 06 мај  во Мултимедијалниот центар на УГД, со почеток во 20:00 часот. Монодрамата е вид комедија. Вчеравечер во Домот на младите со почеток во 20:00 часот беше промовирана и книгата поезија „Либертас3“. Оваа книга е 3-та по ред, а во неа се сместени песни-поезија од членовите на Здружението на хрвати на Штип. Книгите до сега се испечатени во 3 бои: црвена, бела и плава, односно во боите на хрватското знаме. Промотор на книгата е Трајче Кацаров, поет од Штип. Тие најавуваат многу успешни проекти за во иднина. Честит празник Ѓурѓовден на сите граѓани на нашиот град – изјави претседателката Долорес Кашуба. Честитки од тимот на „Цивитас“. Се гледаме на театар.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …