Почетна / Вести / Загадувањето на воздухот главна закана по здравјето на Европејците

Загадувањето на воздухот главна закана по здравјето на Европејците

Наспроти подобрениот квалитет на воздухот, напорите за справување со загадувањето во Европа треба да се зголемат поради високата цена по животот на луѓето и животната средина, соопшти денеска Европската агенција за екологија (ЕЕА).– Загадувањето на воздухот е најголемата поединечна еколошка закана во Европа, наведе Агенцијата, чие седиште е во Копенхаген. Според нејзина проценка, во 2013 година имало речиси 470 илјади случаи на предвремена смрт во 41 европска земја, кои се тесно поврзани со загадувањето на воздухот.Фините честички како и озонот и азотниот диоксид предизвикуваат или ги зголемуваат респираторните проблеми, срцевите болести и канцерот и водат кон кратење на животниот век, истакна ЕЕА.

Озонот е исто така причина за загадување на земјоделските култури.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …