Почетна / Вести / ЕВЕ КАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 2РИ АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

ЕВЕ КАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 2РИ АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

Светскиот ден на лицата со аутизам ќе се одбележи во повеќе градови во нашата земја:

Во Велес овој ден ќе се одбележи под мотото: “И ние сме дел од Вашиот свет”. Манифестацијата ќе се одржи во Младинскиот парк со почеток во 12:30 часот, каде што ќе настапат: Мики Секуловски, Елена Петрушева, Петар Штериов, балетските студија “Анабела” и “Црни мачиња”, КУД “Коле Неделковски” и наши познати аниматори. Со огромна чест ве покануваат: Весна Андреева, Сара Мекфитерс и ПОУ “Маца Овчарова” – Велес.11077844_10202790149994780_3774681771998695649_n

Во Скопје овој ден ќе се отвори со химната за аутизам „Во мојот свет“ во изведба на браќата Тавитјан, Ребека, Џафер и Лозано – нашите музички ѕвезди. Веднаш потоа следува обраќањето на Господинот Иван Петков, а по него обраќање на родител кој е претставник на родителите на лица со аутизам. Настанот ќе се одржи во Capitol Mall со почеток од 17:00 до 18:00 часот. Настанот ќе биде збогатен со претставување на: сестричките Симона и Ана Попоски со рецитал, Златните Славејчиња, учениците од Златан Сремац, кореографско студио Еурека групата Ангелчиња придружувани од виолина и пијано и Мото клубот Ноќни Волци. На крајот од оваа манифестација присутните дечиња ќе сложуваат сложувалка која е симбол на лицата со аутизам и пуштање на балони, а во 20:00 часот Здружението „Во мојот свет“ ќе го осветли Археолошкиот музеј на Република Македонија во сина боја и се приклучи на Меѓународната кампања Light It Up Blue. Организацијата е на Здружението „Во мојот свет“ од Скопје.

11099791_957132360963822_1788350745_n

Во Штип Светскиот ден на лицата со аутизам ќе се одбележи во централното градско подрачје заедно со граѓаните на град Штип. Тие ќе имаат можност да дознаат неколку сознанија за аутизмот, и да го добијат симболот за аутизам. Почетокот е закажан во 14:00 часот. Овој настан е во организација на Здружението Цивитас од Штип.

Во Битола настанот ќе се одржи на плоштад Магнолија со почеток од 11часот до 14.30 часот. Се организира голем панагур каде дечињата ке изработат рачно мали украси и предмети кои ќе се продаваат по најниска симболична цена. Ќе бидат поделени мини марами со логото за Аутизам. Означувањето на денот за Аутизам е во организација на Здружението за Autism Macedonia MPE – organization, Организација на жени од Општина Битола, и основните училишта на град Битола во соработка со Општина Битола и советникот за образование во Снежана Петровска.

11089142_957132367630488_1026497514_o

СИТЕ НАСТАНИ ВО ВЕЛЕС, СКОПЈЕ, ШТИП И БИТОЛА ЌЕ СЕ ОДРЖА НА 02.04.2015 ГОДИНА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ. ПОКАНЕТИ СЕ СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
АУТИЗМОТ ПОВИКУВА – АУТИЗМОТ ЗБОРУВА!

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …