Почетна / Вести / Канал Плус Вести / Денес финале во ракометната Лига на шампиони

Денес финале во ракометната Лига на шампиони

Нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров со Барселона прoтив Веспрем ќе се бори за првата титула во ракометната Лига на шампиони .Лазаров со Каталонците обезбеди финале откако вчера во Келн во првиот полуфинален дуел од „фајнл-фор“ турнирот го совладаа Киелце со 33:28.
Во второто полуфинале унгарскиот шампион Веспрем го совлада Кил со 31:27
Денес за трофеј Веспрем ќе игра против Барселона со почеток од 18 часот, а во 15 часот и 15 минути ќе стартува дуелот за третото место помеѓу Киелце и Кил.
Борбата за титулата во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Веспрем, ќе биде и трка за најдобар стрелец оваа сезона. Момир Илиќ од Веспрем има постигнато (109) и Лазаров (106) погодоци, кои имаат уште по 60 минути да постигнуваат голови.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

ВО ФРАНЦИЈА МАКЕДОНИЈА ЗАВРШИ НА 15 МЕСТО ВО РАКОМЕТ

Нашата земја – Македонија го освои 15-тото место на СП во ракомет за мажи во …