Почетна / Вести / ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ ЈОВАН РИЛСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ ЈОВАН РИЛСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ

Според житието св. Јован Рилски е роден околу 876 година во селото Скрино во Осоговските Планини. Уште во детството бил воспитуван во христијански дух. Кога умреле неговите родители, имотот го раздал на сиромаси, а тој се замонашил во блискиот манастир. Така определувајќи се за аскетскиот живот се искачил во некоја планина, направил колиба и почнал да се подвизува во пост и молитви, хранејќи се само со диви плодови и растенија. Потоа се населил во некоја пештера во која останал подолго време. Оттука отишол во Рилската пустина каде што, исто така, продолжил со осаменички живот, со живот во плач, молитви и каење. Се хранел само со трева, се дружел со дивите животни кои кон него се однесувале пријателски. Тука го откриле некои овчари, по што мноштво народ се упатил во планината за да го види испосникот. При средбата со него и по неговите молитви мнозина болни оздравеле, а се случиле и многу чуда. Излекувал болен од нечисти духови, и други болни од различни болести, на чуден начин нахранил некои овчари, го штител манастирот итн. Пред смртта на своите ученици и на сите тие што го почитувале им оставил писмен завет; „Новокрстените луѓе од иста крв, затврдувајте ги во верата и убедувајте ги да ги остават своите пагански обичаи и лошите навики“. Починал на 70 годишна возраст на 18 август – 946 година.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …