Почетна / Вести / ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ САВА – ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ САВА – ЗА МНОГУ ГОДИНИ

Свети  Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитувана во Христовиот дух. Подоцна таа отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот до 335 година ја обиколила цела Грузија – проповедајќи го Христос. Свети Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј со словенските народи. Денес се празнува и Свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година. Нека е за многу години денешниот празник. Вечен именден на сите славеници!

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …