Почетна / Вести / ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ НИКОЛА – ЛЕТЕН

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ НИКОЛА – ЛЕТЕН

Празник на пренесувањето на моштите на Свети Никола.Освен зимскиот празник Свети Никола нашиот народ празнува и друг празник посветен на свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликијски. Тоа е празникот Свети Никола – летен. Овој празник повеќе се празнува како селски празник со заеднички празнувања. На овој ден се празнува пренесувањето на моштите на св. Никола од Мир (Ликија) во Бари (Италија).  Кога на Блискиот Исток почнал да продира исламот, многу населени места биле опустошени. Заедно со населбите страдале и гробовите на светителите. Меѓу нив била и Ликиската област каде што се наоѓал гробот на св. Николај. Но Господ сакал моштите на така голем светител да не настрадат и да не бидат подалеку од верниците. Затоа една ноќ на еден праведен свештеник од градот Бари во Италија, му се јавил свети Николај и му рекол да им каже на граѓаните и црковните старешини да ги пренесат во нивниот град моштите што се наоѓат во градот Мир во Ликија. За многу години нека е денешниот празник. Вечна слава и именден на сите славеници.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …