Почетна / Вести / ДЕНЕС И УТРЕ ПИВО-ФЕСТ ДОЈРАН 2016

ДЕНЕС И УТРЕ ПИВО-ФЕСТ ДОЈРАН 2016

За првпат оваа година денес 29.7.2016 и утре 30.7.2016  во Стар Дојран со почеток од 18 часот започнува првиот  дводневен Пиво-фестивал. Фестивалот ќе се одржи во центарот на Дојран, односно на плоштадот „Под јаворите“. Учеството на првиот пиво-фестивал во Дојран го потврдија: 29.7 (петок) – „Оркестар К’смет“, „Replay Band“, „Blackberries Band“, Даниел Кајмакоски, Наум Петрески, Слаткаристика, диџеј Че и други. Додека пак за 30.7 (сабота) ќе настапат следниве имиња: Марко Логаут, Фиц (Студени нозе), „Бјело дугме“ Tribute by Влатко Илиевски, „Џамбо Агушеви Оркестра“, Ристо Самарџиев, „Cyrillic“. Дојран е подготвен за уште една дводневна целовечерна забава за млади. Повелете.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …