Да и помогнеме на Ана Пантовска

0
270

Ана е едно храбро, разиграно и насмеано девојче, кое во септември требаше да тргне на училиште во прво одделение. Наместо да се бори со букви и бројки, таа веќе две години секојдневно се среќава со игли, трансфузии, силни и мачни терапии.

Ова храбро девојче стоички го поднесе сознанието дека боледува од акутна леукемија Ph+, стоечки го поднесе и тоа дека училиштето ќе го замени со болниците….
Потребен и е третман со матични клетки за кои нејзините родители немаат средства и упатуваат апел за помош.

Со заеднички сили може да и помогнеме на Ана да ја победи леукемијата и да оди на трансплантација на коскената срцевина.

Бидете хумани, помогнете според Вашите можности!

 

На Ана можеме да и помогнеме со уплата на нејзината денарската сметка, како и со платежна картичка директно на нејзината сметка.

Да бидеме хумани! Да и помогнеме на Ана!

Донирајте онлајн на следниов линк

 https://bidihumansega.mk/deca/za-ana-pantovska

Извор: bidihumansega.mk