Во Индија изградена највисоката статуа во светот

0
75

Во индиската држава Гуџарат завршена е изградбата на највисоката статуа на светот, која е двојно повисока од Статуата на слободата во Њујорк (93 метри), а се подига во чест на лидерот на борбата за независност Сардар Валабхбаи Пател, еден од следбениците на Ганди.

„Со висина од 182 метри, статуата е симбол на интегритетот и решителноста на Индија“, изјави индискиот премиер Нарендра Мори, додека од воени хеликоптери биле фрлани цвеќиња врз неа.“Статуата на единството” чини 355 милиони евра, а трошоците предизвикале незадоволство кај мештаните. Наскоро во близина на градот Мумбаи во Индија треба да биде завршена една уште повисока статуа од 190 метри.