Почетна / Магазин / Поезија и проза / ВИСТИНА – ДОНЧО МИШОВСКИ

ВИСТИНА – ДОНЧО МИШОВСКИ

     Вистина

Која е вистината

во изразот на лицето,

во погледот на соговорникот

ако се уште постојат

таинствени погледи

ко на вечната Џоконда.

Има ли начин

да се проникне зад очите,

да се усуети вистината

од погледот

за душата на соговорникот.?

Автор: Дончо Мишовски – Скопје

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Уште едно прекрасно дело на Виолета Тодева Мијалкова ,,НАСЛИКАЈ МЕ„

Деновиве од печат излезе  новата стихозбирка под наслов  ,,НАСЛИКАЈ МЕ”. Рецензент на оваа стихозбирка е …