Почетна / Вести / „БРИГА МЕ“ НОВА ПЕСНА НА ЈОЦЕ ПАНОВ

„БРИГА МЕ“ НОВА ПЕСНА НА ЈОЦЕ ПАНОВ

Деновиве Јоце Панов сними нова песна заедно со трубачот Џамбо Агушев, кој што е еден од најпознатите трубачи кај нас па и пошироко. Во новата песна најмногу доминира трубата. Новата песна „Брига ме“ е направена на српски јазик, но тој вели дека наскоро ќе може да се слушне и на македонски јазик. Најавува дека и за двете верзии ќе следи спот. За во иднина штипјанецот Јоце Панов планира да издаде и нов албум, во кој ќе биде сместена и песната „Брига ме“. Во целиот албум ќе преовладуваат убави мелодии, кои ќе бидат најслушани од страна на неговите фанови. За во иднина му посакуваме многу среќа, затоа што Панов знае да изненади со неговите песни, кои за кратко време стануваат големи хитови.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …