Почетна / Вести / АРМ го одбележа денот на втората механизирана пешадиска единица

АРМ го одбележа денот на втората механизирана пешадиска единица

Со војничко дефиле и свечена академија денес се одбележа денот на втората механизирана пешадиска единица. По тој повод во касарната Јане Сандански во Штип се одржа свеченост со полагање цвеќе пред споменикот Македонија. На свеченоста присуствуваше градоначалникот на Штип Илчо Захариев, како и претставници на локалната власт. Обраќање по повод 17 Септември денот на единицата свое обраќање имаше команданот на гарнизонтот потполковник Бранко Петкоски како и команданот на првата механизирана пешадиска бригада Зоран Милевски.
Изминатата година 2 механизирана пешадиска бригада учествуваше во голем број на акции помагајќи секаде каде што е потребно, на почетокот на Февруари тие дадоа огромен придонес во справувањето со обилните поплави кои ја зафатија Македонија, како и во сегашната бегалска криза во реонот на Гевгелија, како и учество на голем број на мировни мисии. Вообичаено на овој ден беа доделени и признанија за најдобрите од оваа пешадиска бригада.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …