Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на 15 годишно девојче од Охрид во Германија

0
422

Судбината си поигрува со уште еден млад живот. На петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот.

Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор  е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.

Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Извор: ohridnews.com