Амбициозниот DJ BAZZ од Штип потпиша соработка со позната романска продукциска куќа

Млад, талентиран, амбициозен DJ BAZZ потпишува соработка со продукциска куќа од Романија .


Убаво е кога под Македонското небо се создаваат нови музички имиња, кои можеби ќе се вивнат до ѕвезденото небо запишувајќи се во историјата на музичката сцена.

Да се надеваме дека таков спектакуларен успех би имал и младиот DJ BAZZ кој на Дј сцената се појави пред две години.
За краток период своите сетови ги презентираше низ повеќе градови од Македонија, за конечно своите слушатели да ги почести и со своја авторска трака.
Но, кога и како започна приказната со „пуштање“ музика?
„ Мојата приказна започна кога бев на забава во едно кафуле,ги гледав луѓето разиграни ,размрдани си реков можам и јас , можам да направам атмосфера луѓето да бидат расположени размрдани тоа едноставно ме исполнува кога сум на бината.Така и решив за краток период си купив опрема и почнав„ – вели Dj Bazz.

Неговите сетови ја доведуваа до кулминација публиката од целиот источен регион. Пробиштип,Кратово,Кочани,Виница,Делчево исто така и Св.Николе, Неготино и Валандово и секако Штип.
„Најголема атмосфера секако имаше во Делчево на новогодишната- вечер,каде луѓето беа разиграни пеење , едноставно беше вистинска забава„ додаде Dj Bazz.
Конечно месецов излезе неговата прва трака,HUGO, а потпиша соработка со продукциска куќа во Романија.
„ Договорот кој ќе трае 3 години за мене значи еден почеток за кој се надевам дека ќе ме поттурне во мојата кариеа и ќе ми даде мотивацијата за повеќе работа. Бенефициите се блиска соработка со светска издавачка куќа и пласирање на мојата трака на светско ниво во сите онлaјн дигитални музчки продавници“

OUT NOW! DJ BAZZ – HUGO! BUY THIS TRACK -> https://www.beatport.com/release/hugo/1933276

Posted by DJ BAZZ on Sonntag, 22. Januar 2017

Во продолжение слушнете ја траката на DJ BAZZ , а нашиот тим му посакува успешна работа, бројна продукција и многу број 1 хитови!