Почетна / Магазин / Поезија и проза / АКО – НАДИЦА ТРЕНЧЕВА

АКО – НАДИЦА ТРЕНЧЕВА

           АКО

Ако животот е река

ти си проточна вода,

јас зрно песок.

Ако пријателството е сонце,

јас сум топлина,

ти краток блесок.

Ако љубовта е судбина,

ти копнеж,

јас со чуство на вина.

Ако животот се мери,

пријателството стекнува

а љубовта дели,

што ни преостанува

ако, нам?!?

Автор: Надица Тренчева – Кавадарци

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Уште едно прекрасно дело на Виолета Тодева Мијалкова ,,НАСЛИКАЈ МЕ„

Деновиве од печат излезе  новата стихозбирка под наслов  ,,НАСЛИКАЈ МЕ”. Рецензент на оваа стихозбирка е …