За нас

Здружението за поддршка на социјално исклучени лица и ризични групи ЦИВИТАС е невладина и непрофитна организација од Штип. Членови на Здружението „ЦИВИТАС“ се: социјално исклучени лица, лица од ризични групи, нивните семејства, професионалци (правници, економисти, психијатри, психолози, социјални работници), волонтери, како и сите заинтересирани кои сакаат да помогнат.

The Association for supporting socially exluded people and risk groups “CIVITAS” is a nongovernmental and nonprofitable organization established in Shtip. Members of the Association “CIVITAS” are: socially excluded people, persons from risk groups, their families, professionals (lawyer, economists, psychiatrics, psychologists, social workers), volunteers, as well as all the people that are willing to help.

Нашата мисија: Обезбедување заштита на човековите права, социјална заштита, медицинска заштита, правна заштита, како и други видови заштита на социјално исклучените лица и ризичните групи заради нивна повторна интеграција во заедницата преку разбивање на стигмата и подобрување на квалитетот на живеење.
Психоедукација, правна и социјална едукација на социјално исклучените лица, ризичните групи и нивните семејства.
Регулирање на граѓанските правно-етички регулативи во смисла на еднакви права на лицата и сузбивање на секаков вид на дискриминација.
Соработка со институции, стручни организации, високообразовни институции, невладини и хуманитарни организации и поединци во државата и странство со цел да се мобилизира јавноста во обезбедување на постојана правна, социјална, материјална, финансиска, едукативна и техничка поддршка на активностите на здружението.