Да и помогнеме на малата Николија од Неготино

0
1037

Николија Динова е деветмесечно бебе кое боледува од голем “Porenzephaler”, дефект на мозокот и мозочни грчеви кои секојдневно се влошуваат. Потребно е лекување во Германија за кое се потребни големи финансиски средства. Нејзините родители битката против болеста не можат да ја добијат сами и неопходна им е помошта од добрите луѓе за да успеат да ги соберат неопходните средства за лекување во странство. Николија заедно со своите родители се наоѓаат во Есен, Германија, каде што треба да почне и нејзиното лекување. малата Николија е долгоочекувано бебе по неколкуте неуспешни обиди на младите родители да добијат дете, две вонматерични бремености, спонтан абортус.

За собирање на пари има многу малку време, во прашање се часови, бидејќи болеста е упорна и агресивна, а лечењето во Есен може да започне, дури кога на сметката ќе легнат првичните неопходни 11 000 евра.

Сите заинтересирани граѓани можат да донираат на жиро сметката и бројот за донации:

Жиро сметка: 200001907750984 Трајче Динов

Број за донации: VIP 143461