,,Цивитас” со нови детали за големиот хуманитарен концерт

0
1403

Нови детали за хуманитарниот концерт на Цивитас и Општина Штип. Оваа година на малиот јубилeј на сцената во Домот на културата во фолк делот  ќе се појават Јордан Митев, Сања Барби, Анета Арсовска, Пантелија Тодороска, Медиум Бенд и секако ова е само дел од изведувачите. Како што веќе претходно ви откривме дел од овој хуманитарен концерт ќе бидат и играорците од КУД ,,Ристо Донев Учителот” кои се долгогодишни соработници на ,,Цивитас” и зад нас стојат многу успешни хуманитарни настани. Во оваа прилика тимот на ,,Цивитас” им се заблагодарува на сите изведувачи кои ќе дадат свој придонес на овој преубав хуманитерен настан.

Влезниците се во предпродажба и дел се распродадени  на бизнис секторот кои петта година по ред го подржуваат овој хуманитерен настан. Влезниците се по симболична цена од 50 денари, а оваа године концертот ќе се оджи во Домот на културата ,,Ацо Шопов” во Штип. Средствата традиционално и оваа година ќе бидат наменети за децата со посебни потреби од Дневниот центар во Штип.