Родителите на Стефан се заблагодаруваат на сите хумани луѓе, средствата се собрани

0
3675

Благодарение на хуманите луѓе Стефан ги собра средстата и во Недела оди за Русија. Семејството со кое здруженитео Цивитас контактираше додека траеше акцијата за собирање на средства е благодарно на сите оние кои што дадоа свој придонес во акцијата.  Апелираат до сите хумани луѓе да продолжат со добрата мисла и хуманиот дух да ги собереме средствата за сите останати дечиња.

Големиот хуманитарен концерт  на Здружението Цивитас  кој е закажан за во Недела  ќе се одржи и средствата   ќе бидат донирани на дечиња кои подолго време собираат средства за лекување во странство .

Еве што изјави мајката на стефан Василка Мелник :

,,Добри луѓе, ви благодариме за хуманоста и агилноста, и сакам да ве известам дека средствата за операција за Стефан се собрани. Ви благодариме на сите кои дониравте со пари и добра мисла и се надеваме дека ќе се вратиме со добри вести од Русија.
Искрена благодарност од целото семејство Мелник. Вашиот придонес за собирање на средствата е непроценлив, ви благодарам  Цивитас”.