Родителите на децата и возрасните со посебни потреби ќе ја тужат државата во Стразбург

0
1008

Родителите на Децата и возрасните со посебни потреби ќе ја тужат Република Македонија! Еве што вели еден од родителите Зоран Мијалков.

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Ви се обраќаме за да се укаже јавно, на проблем кој постојано се провлекува со нашето општество, а за цел и центар на интерес се токму децата/лицата со посебни потреби, меѓу кои и лицата/децата со аутизам и сите родители на деца со попреченост.
Имено се собираат средства по пат на донации во текот на целата година, а особено околу новогодишните и Божикните празници се организираат разни добротворни и хуманитарни настани на кои претежно се собираат средства наменети за нас, како посебно ранлива категорија на граѓани во нашето општество.
Средствата се собираат во наше име или во име на нашите деца. Ние како родители на децата и Здруженијата на родители на деца и возрасни со посебни потреби. Во повеќето случаи ние ниту сме известени за овие настани, ниту имаме увид во собраните средства, а уште помалку тие се трошат за нашите деца.
Понатаму, се поставуваат кутии за донации на повеќе локации по градовите, кои се високо фреквентни, многу посетувани од нашите граѓани кои со нивната дарежливост, согласно нивните можности, оставаат доброволни прилози во тие кутии.
Ние Родителите и Здруженијата во повеќето случаи немаме никаква информација за тоа колку средства се собрани, за кого и за која цел се наменети, ниту пак нас некој не прашал дали воопшто треба да се поставуваат такви места за собирање средства. Во повеќето случаи ние ништо не знаеме за оваа појава, а средствата се собирале и се уште се собираат за нашите деца.
Поради ова, се обраќаме и до јавноста и до сите оние кои се осмелиле да дејствуваат во име на децата со попреченост, да престанат тоа да го прават или пак итно да не контактираат нас Здруженијата и родителите за заедно да решиме за која цел или заеднички интерес ќе се потрошат доброволните прилози од нашите сограѓани и да договориме наш увид во собирањето на донациите.
Поинаку, ќе сметаме дека овие постапки се обична злоупотреба на состојбата на лицата/децата со попреченост за што ќе ги известиме и надлежните институции како МВР или Јавното обвинителство за соодветно понатамошно законско постапување по овие случаи. Ова би можело и да се нарече незаконско богатење на поединци за себепромовирање или пак лична корист, а на штета токму на нас, родителите и децата/лицата со посебни потреби.
Затоа, со најдобра намера, уште еднаш ги повикуваме тие поединци или институции на соработка, се со цел , подобрување на општата состојба и живеење на лицата со попречености од било кој вид.

ОД ДРУГА СТРАНА ИМАМЕ И ПРИМЕРИ НА УСПЕШНА СОРАБОТКА ОД ЗДРУЖЕНИЈА И ПОЕДИНЦИ КОИ НЕУМОРНО СЕ ТРУДАТ ДА ПОМОГНАТ НА ДЕЦАТА И ВОЗРАСНИТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Едно од тие здруженија е Здружението ЦИВИТАС од Штип и Мартин Ѓоргиев како негов претседател

Исто така од вчерашниот ден е договорено и со Центарот за Социјална работа од Штип за меѓусебна соработка за Собирање донации во форма на кутии за донации во супермаркетите на КИТ ГО на територијата на Македонија ( благодарност до вработените од Центарот за социјална работа со директорката за разбирањето,  до газдите на КИТ ГО маркети и до граѓаните кои несебично донираат за потребите на децата со посебни потреби кутиите за донации за сите марќети беа обезбедени од страна на Здружението Цивитас, а средствата за истите се од хуманитарниот концерт (кој Цивитас го организира 5 та година по ред. )

Здружението Цивитас ги подржува родителите на дечињата и возрасните со посебни потреби и се надеваме дека конечно ке успејат да ги остварат своите права за подобро утре на сите лица со посебни потреби.