Работна средба на ,,Цивитас” и Центарот за дијализа ,,Диамед” Македонија

Денес, волонтерите и прeтседателот на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи ,,Цивитас”  м-р Мартин Ѓорѓиев го посетија Центарот  за дијализа ДИАМЕД- Македонија во Штип. На средбата беше разговарано за нашите идни заеднички активности. Една од  тие заеднички активности е одбележување на Светскиот ден на бубрегот 8-ми Март каде ќе организираме едукативно предавање со цел едукација и превенција на бубрежните заболувања. Настанот ќе биде од отворен карактер и сите заинтересирани ќе можат да го посетат овој настан и да се информираат. Деталите допрва ќе се допрецизираат. Оваа посета ја искористивме и уште еднаш да им се заблагодариме за нашата досегашна соработка и им врачивме благодарница на Даниела Гапева администратор во центарот во Штип. Благодарност и до директорот  на ,,Диамед” Македонија, Вера Иванова која ја овозможи неодамнешната донација електрична фотелја неменета за лице со посебни потеби. Се надеваме дека нашата соработка во иднина ќе биде уште поплодна.