Прекрасна изложба на ЦПЛИП ,,Порака” по повод 3- ти декември

Вчера 30.11.2017(Четврток) се одржа изложба на ЦПЛИП ,,Порака” во просториите на НУ-УБ ,,Гоце Делчев” Штип. На самиот настан беа изложени делата на корисниците на ЦПЛИП Порака кои ги изработија заедно со волонтерите на Порака и  здружението ,,Цивитас”. Изложбата беше продажна и средствата  собрани се наменети за понатамошните  изработки на членовите на Порака. Корисниците во пресрет на 3-ти Декември  покажаа дека и тие знаат и умеат да отсвират некоја песна, да нацртаат по некој цртеж, да кажат стихотворби. Вработените на НУ-УБ ,,Гоце Делчев” освен што ја отстапија просторијата повторно годинава како и лани, припремија и две точки со школата ,,Еуроарт”.  На самиот крај беа поделени благодарници од страна на ЦПЛИП ,,Порака” за верните соработници и подржувачи како и од НУ -УБ Гоце Делчев кои поделија благодарници на соработниците меѓу кои и  Здружението ,,Цивитас”. Се надеваме на долгодишна соработка со НУ-УБ ,,Гоце Делчев” како и со Порака.